Преку Нехар бев во Лорет де Мар, исто 14 дена но пред години. Мислев не постои веке агенциајва БЕвме во хотел со 3 или 4* не памтам баш, бевме презадоволни, хигиена супер, храна колку сакаш, од солено до благо. Хотелот беше малку подалеку од плажата тоа му беше мана, но млади бевме па си пешачевме . Друга група си одбрале хотелче со една * помалку од нашиот значи 2 или 3* и искрено беа мрви гладни. Доручек имало само првите 10 минути па ако стигнеш прв ке каснеш нешто ако не гладен ке си останеш. Се жалеа буквално од се. Потрошија многу пари на храна. Ти зборам за години уназад, не значи дека исто ќе биде и со вас, секој со своја среќа.. Лорет де Мар убаво место... убави спомени ми врати...
Јас бев на истата тура на почеток на јули и супер си поминав . Хотелите со 2 * се малку подалеку од плажа , а храна имаше во изобилство особено за вечера , секој ден имаше морски плодови , риба и месо за сечиј вкус. Хотелот беше солиден , собите ги чистеја секој ден и се беше чисто. Турата е малку напорна , ама вреди за сите пари,местата што се посетуваат се сите преубави.
Бев оваа година преку агенција во хотел со 4* полн пансион. Генерално само од храната сум задоволна, ја имаше во изобилство и за сечиј вкус. Хотелот како што беше со 4* немаше ништо, креветите се разделуваа, минибар се наплаќаше, сеф се наплаќаше, мали соби, мал тоалет а и хигиената не беше нешто посебно. 4* во Лорет и 4* во земји како Австрија, Германија има многу разлика. Местото е мало и според мене е повеќе за фамилијарно. Што се однесува на плажите, два чекора и веднаш длабоко. Убаво е да се отиде и да се види еднаш, но не би отишла повторно.
Темава одамна не била активна Сакам ова лето да одам во Лорет де Мар па доколку има некој да сподели искуство
Лорет де Мар е прилично мало место, меѓутоа има голем број на хотели, ресторани и дискотеки. Плажата е со песок, многу чиста, а е наградена со сино знаме, што значи ги задоволува сите строги услови. На плажата има многу интересни кафичи каде што прават секакви видови коктели. Дискотеките му се буквално преполни и секогаш прават прејаки забави. Иако туристи има многу, буквално е гужва по улиците, кога јас бев на плажата беше прилично мирно. Што се однесува до водата, на почетокот на месец јуни беше камен ладна. Искрено едвај влегував да се искапам, а и не се издржуваше повеќе од 10тина минути. Местото е супер, многу средено, со безброј локали за јадење и пиење. Има интересни знаменитости кои можат да се видат, а посебно би препорачала да се посетат "Santa Clotilde Gardens". Преубави, воодушевувачки градини. Се наоѓаат на околу пола саат одење пешки од центарот на Лорет де Мар, но има и автобуси кои можат да ве однесат до нив. Што се однесува до цените, па и не е баш ефтино. Коктелите се движеа од 7 евра нагоре. Влезниците за во дискотеките беа околу 10, па и до 20 евра. За јадење имаше локали каде што се продаваше пица на парче за 2 и пол, 3 евра, но ако седнеш на ручек во ресторан, тоа е веч друга прича Ако те интересира нешто плус, слободно прашај.
Ме интересира колку е изнајмување кола и колку е карта во автобус затоа што сакаме да ги посетиме околните плажи и другите знаменитости
Ние не изнајмивме кола, но кога размислувавме за таа опција мислам дека беше доста скапо. Изнајмувањето не толку, колку што беше гаранцијата што треба да му ја оставиш. Не ме држи за збор ама околу 500 до 1000 евра мислам дека беше. Инаку Лорет де Мар е мало место и ќе можеш да го прошеташ и пешки. Карта за автобус до другите градови незнам колку е. Со автобус одевме само до Барселона и картата беше 8 евра, што е доста евтино. Така да, за околните градови сигурно ќе е многу поевтино.
Лорет де мар е мало место ама затоа има автобуска станица во центар и за 7-8 еур и еден час возење си во Барселона. Ги има на секој пола саат. Интересни пабови ...коктел барови. Сите дуќани се затвараат во 10 навечер и почнува лудило, многу млади, пијани германци, журки .... Лежалки на плажа многуууу скапи па земи си алтернатива плус крпа или друго. Ситна песок, длабоко морето...и влажна клима... но преубав одмор
Па не би знаела да ти кажам, бидејќи ние бевме во хотел со доручек, ручек и вечера. Купувавме само вода која дефинитивно беше поскапа од кај нас. Не се сеќавам точно колку ама знам дека коментиравме за тоа За храна незнам како се движат цените. Но имајќи во предвид дека ги набиваат цените бидејќи имаат многу туристи, јас мислам поефтино би ве фатило да си уплатите во хотел со јадење, отколку да купувате.
Епа со полн пансион е најдобро. За вода, пиво, сок, се поскапи, ама не е страшно со оглед на тоа дека нема да купувате којзнае колку. Инаку не сум слушнала за тоа место, така да незнам за автобуси. Тогаш ние кога бевме јас најдов една страна на интернет со возен ред на автобуси од Лорет де Мар до другите места. Види побарај, ако не, ќе си прашате во хотелот кај што ќе сте сместени на рецепција, сигурно ќе ви дадат информација.
Девојки имам резервирано за турата 14 дена со 7 ноќевања во Лорет дел Мар,посета на Милано и Ница од Нехар Травел.Сакам да ми кажете на кои факултативни излети вреди да се оди,кои места да се посетат...
Дали некој има патувано Италија-Шпанија-Франција ( Монако - Монте Карло ) преку Рапсоди травел? Да сподели искуство
Дали некој планира да оди годинава на турата со Ница Венеција и Лорет де Мар 12 дена? Ние сакаме да уплатиме преку рапсоди травел во Август. Еднаш имам одено на апсолвентска но сакам уште еднаш да ја посетам
Здраво, дали некој оди со агенција Пикник на овие апсолвентски посети дали има искуство со оваа агенција ?