Лорет де Мар

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Gossip-B, 25 јуни 2012.

  1. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    827
    Пол:
    Женски
    Да прашам некој го има разгледано понудите за летување за Шпанија?
    Гледам на Атлантис многу евтини понуди во хотели.
    Никогаш не сум била таму.
    Може некој да сподели искуство за летување во Шпанија преку агенција.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Каде е подобро за релаксиран одмор, Лорет де Мар или Коста Брава?

    Најбитно ми е плажите да се убави и средени и да има каде да се прошета навечер. Ноќен живот не ми е битен.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    181
    Лорет де Мар е дел од регионот Коста Брава. Во Коста Брава имаш и други места за одмор јас сум била во Лорет де Мар и Тоса де Мар. Лорет де Мар е баш типично летувалиште за млади, има многу барови, дискотеки, ресторани, продавници и сл. Тоса де Мар ми се допадна повеќе, има свој дух, стар дел од градот, некако е афтентично шпански, но нема толку места за излегување како во Лорет де Мар.

    Плажата во Лорет де Мар е долга, песочна и убава. Имаш и места со лежалки и многу слободен простор. Во Тоса де Мар исто плажата е убава но значително помала во споредба со Лорет де Мар, но има поубави места за капење и некои како мали одвоени плажи.

    Ако ноќен живот не ти е приоритет, јас би ја одбрала Тоса де Мар.
     
    На LibreGirl и Panda00 им се допаѓа ова.
  4. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за одговорот, кажи ми со агенција беше или своја режија?
    Јас се мислам со Травити да одам, не им се воопшто скапи понудиве со авион.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.