Имам флеки од лосионов од авон, ужасни се, како можам да го извадам самопотемнувачкиот лосион за тело?
Пресечи лимон на половина и триј се со него. Исто така истуширај се и истриј ја кожата со сунгерче, само внимавај да не се одереш.
Девојки не сум сигурна каде да прашам, Предложете ми добро млеко за самопотемнување? И дали постои сеуште она на Dove?
Види на Балеа имаше, исто и Авон, претпоставувам и Дав ама немам сретнато. Исто и Лореал имаа, само сите оставаат после флеки кога почнува да паѓа. Барем јас немам сретнато некое кое не те прави како р'ѓав во кожата.
Јас пред беколку години користев на Dove ама ужасно смрдев и лактите ми ги направи портокалови. Ајде баш ќе одам во ДМ
Барај ја SunDance колекцијата. Мислам дека имаат и марамчиња за самопотемнување (ама не сум сигурна дали ги имаат донесено). Исто и Ziaja имаат марамчиња за самопотемнување кои не се воопшто лоши. Треба многу да се внимава со деликатните делови, инаку кожата лесно станува портокалова. Изгледај некое видео за како најлесно да избегнеш неред кај ваквите комплицирани делови од телото, ќе ти помогне. Јас мислам дека читав на Шминкерица нешто такво, ама пред доста години беше и не се сеќавам искрено.
Во ДМ ги има? Имам гледано доста, ептен следам такви работи на јутјуб. Ова беше пред мн години па тогаш уште и не беа туториалите толку ин. Фала ти
Зиаја ги има 100%, а за SunDance не сум сигурна, иако мислам дека сум ги гледала ама не ме фаќај за збор.
Сега отворив на страната на дм ги има sundance а баш се чудев од каде ми е познат називот. Кажи ми јак ли е оној класичен мирис на ваквите препарати?
SunDance поризводите во глобала фино мирисаат, ама марамиците ги немам пробано. А Ziaja се онака, немаат некој специфичен јак мирис кој би ти сметал.
Авон,даф,нивеа имам користено и со сите истиот лош ефект го имав.Грозен мирис и портокалева кожа И пилинг ем правев пред тоа и пак исто
Измешајте го лосионот/кремата со најобично млеко за тело,нема да се појави шаренило. Проверено Јас ги користев на Орифлејм,Нивеа или Гарниер. Ова пред 100 год П.С.Одамна е во мода бел,проѕирен,аристократски тен
Читав една статија за лосион за самопотемнување направен дома од лосион за тело и какао Баш ме интересира дали пробал некој?
Дали некој го користел лосионов? Не очекувам драстично потемнување, но ме интересира дали прави флеки на телото и облеката? Вечер за прв пат ќе го ставам ( иско го имам од лани), па... wish me luck
Јас го имав одамна, не ми се допаѓаше што даваше портокалова боја, а уште полош беше мирисот. И после туширање го осеќав. А боја не остава, само треба да почекаш добро да се впие.
Јассссс лани го купив за на свадба, јас сум бела како дух и сакав да имам малце боичка и затоа овој го купив како демек за постепено потемнување....првиот пат пред да го искористам направ убав пилинг на кожата ама дури го користев после никако зошто одма ќе падне бојата...дава постепено боја ама ништо посебно...сепак мене ми се погоди, го користев 1 месец некаде и со него се мачкав на секој 4 ден..прво се мачкав со лосион кој секојдневно го користам па чекав да се исуши па овој..добив боичка ама ништо посебно....обрнував особено внимание на вратот бидејќи тој ми е и посветол од лицево и пудрата секогаш ми двоеше...вака успеав да искористам една нијанса потемна пудра...значи ништо посебно ама за некој бел како мене беше тамам...а за мирисот се согласувам со @Elence93 стварно никаков, чуден, ене го го гледам лосионов на видно поле ми е и првото нешто на што се сеќавам е мирисот
Jas sum mnogu zadovolna. E sega samo na noze go koristam sega za sega ali sepak. Dva dena stavam pa koga ke padne povtorno. Dava suptilna boja i relativ o prirodna t.e ne deluva vestacki. Mirisa preubavo e sega koga ke otstoi go dobiva klasicniot miris na kremi za samopotemnuvanje no e mnogu poslab vo sporedba so Dove pa i ne mi smeta mnogu. E sega primetiv deka vo sabotata stapalata mi izbledele poradi toa sto nosev patiki a bese prezesko.
@Elence93 @doubleinfinity @wannaBeMomma фала ви девојки Имам неколку настани, матури, родендени следниве 20 дена, а глеам беличка сум ептен, па сакав некоја суптилна боја да добијам. Мирисот сигурно е како сите креми за самопотемнување, мене не ми смета.