Го користа некое време, па да пишам мислење Лесно е за апликација, не ми се направија флеки. Бојата е дискретна и не премногу интензивна. Го ставам скоро секој ден и сега за сега сум супер задоволна не ставам на лицето па барам сега некое решение. Некако шубе ми е млеко за тело да шлапам на лице. Да не ја користел некој кремата за лице на Ziaja?
Јас сум бела како сирење по тело сакам малку да потемнам по нозете, рацете, стомакот ептен сум бела што ако облечам кроп топ маиче со голо меше ќе помислат бело боди носам еднаш и ми рекоа дека така помислиле Бел тен имам што и да се сончам само ќе изгорам црвена ќе дојдам, ке почне да ми се чупи кожата и пак бела А лосионите за самопотемнување велат дека биле штетни да не ги употребувам. Точно ли е? или пак некое друго чаре ако има кажете. Малку само да потемнам сакам не многу.
И јaс тaкa. Oд дм зедoв течнoст зa сaмoпoтемнувaње, к a т a с т р o ф a. Беше тoa. Кo флеки. Ич не се лaжи. Бaр јa oд тaa фирмa не сум зaдoвoллнa.
Девојки најдов на нет како да си направиме природен лосион за потемнување http://karmin.tocka.com.mk/vesti/234247/napravete-sami-100-prirodno-maslo-za-brzo-potemnuvanje јас би го пробала ова
Ама тој е добар само за последните денови од одморот. Мајка ми еднаш го направи тој и мислеше дека нема потреба од лосион за самопотемнување, па потоа брат ми и јас изгоревме.
Тоа да во право си али јас би го комбинирала со масло за заштита од сонце да не изгорам додека сум на плажа ,а навечер или сабалје рано би се мачкала со вакво нешто или со некое масло од ДМ за потемнување што погоре девојкиве дале предлози. Следен пат внимавајте повеќе ,ние такви сме сакаме се да пробаме и после гледаме дека сме згрешиле и затоа за следен пат ќе си знаеме сите
Го користам на Зијаја бел тен имам еднаш ставив веќе сум потемна убава нијанса не се ни познава дека е лосион тукукако од солариум боја. згрешив што со раце го мачкав па сега ми се темни дланките имн грди. го препорачувам.
Купив SunDance млеко и ок испадна но брзо избледи бојата. За Ziaja имам лошо читано да испаѓа помаранџесто. За Dove да е слаба бојата и не се исплати мачкањето за слаба нијанса. Едино Loreal некои ја фалат некои викаат оставала флеки при паѓање? Која е најдобра а се продава кај нас? St.Tropez ја има ли кај нас?
Можеш да мачкаш со раце и кога ќе завршиш детално да ги измиеш неколку пати. Потоа ќе земеш тупфер и ќе ставиш на него малку од млекото и ќе ја поминеш горната страна на дланката, прстите, меѓу прстите и коренот на шаката околу зглобот. Постапкава ја применувам кај мене и дланките не ми се портокалови, а се рамномерно потемнети.
Од тие на Авон, задоволни сте? Сакам и јас малку фејк тен Знам дека @Rose96 имаше купено. Проба? Задоволна си?
Сама ќе си одговорам, зошто може на друг да му користи. Го купив од ДМ и со едно мачкање добив многу малку боја, но доволно за да не бидам бледа и да можам да си ја користам пудрата без да ја мешам со посветла. Има сличен мирис како на Балеа и Сан дрнс, али далеку помалце се осеќа. А цената е околу 340 ден за 200мл.