Јас користам од овие само што не се баш вакви. Имам едно како маслено спрејче вакво кафеаво само не прска пена, јас го користам откако ќе излезам од вода. А тоа другото како крема го користам пред да влезам во вода. За таа цена се добри.
И дечки, на крајот од летото што заклучивте? Кој лосион за самопотемнување е најдобар? Годинава не смеев да се сончам ни на сонце ни во солариум, а имам свадба во брзо време, па сакам малку да потемнам. И да не најде некој ракавици за мачкање кај нас? Порачав од алиекспрес ама не сум сигурна дека ќе ми стигнат на време. Фала
Еднаш сум употребила и никогаш повеќе. Само два дена траеше ,,самопотменувањето,, После тоа од бронзена боја стана жолта, па жолто-зелена. Го користев кремот од Офифлејм.
Јас коистев креми од Avon. Никогаш повеќе нема да користам. Станав како боја на морков и бојата почна да изгледа како да ми се лупи. Ужас.
Имам земено од Oriflame лосион и беше катастрофа. Наместо потемна боја, кожата единствено ми доби некаков сјај од кој повеќе личев на риба со крлушки. После тоа користев спреј од Авон, мислам дека беше овој и се покажа добар. Веќе не користам вакви производи, но кога би користела, попрво би одбрала спреј отколку лосион или крем.
Женски ми треба итно помош, се прскав со спреј за потемнување и сеа сум на некои места ишарана како и фали може да се извади?
Пробај со пилинг за тело, може ке се извади. Јас летоска користев спрејови и лосиони за потемнување ама не бев ишарана воопшто, нареден пат пред да се испрскаш намачкај се со млеко за тело и како прскаш така размачкувај убаво за да не се ишараш
Ве молам пишете искуства со СПРЕЈ ТЕН Девојки ве молам пишете искуства доколку сте пробале, pros and cons итн.. многу сакам да се исончам без да излезам на сонце и без да се зрачам во солариум...хелп
Девојки за брзо време сум на забава и ќе носам фустан каде што ќе ми дојде до израз кожата (инаку имам многу светол тен) . Ми треба лосион или некаква крема за телото но да не е за самопотемнување, што ќе и даде сјај на кожата.. На youtube гледам имаат ко бронзери за тело.. Дали имате некоја препорака?
Пред некои 5 години го користев лосионот на SunDance па решив и годинава да го пробам, во сменета амбалажа ама еднакво ефикасен. Нанесен после пилинг на телото, во рамномерен слој, бавно се впива затоа внимавајте да не се облекувате или седите некои 10/20 минути. Одлична хидратација и интензивен мирис. Цена 215ден.
Девојки дали може на солариум плус нешто да се користи за побрзо потемнување бидејќи многу тешко фаќам боја?
Имаат креми ама нема да ти треба ако одиш редовно. Бојата од д солариум и од сонце не се добива исто, од солариум гарантирано добиваш боја. Почни постепено ако си побела со 3-5 мин па зголемувај. Сепак размисли уште еднаш, не препорачувам солариуми, имам користено пред неколку години не сум светица, ама можеш да пробаш со средства за самопотемнување.
Имам лошо искуство со средства за самопотемнување и не би се нафатила да користам пак. За солариумот сум свесна и до сега лани само 4-5 пати што отидов и сега почнав пак само поради едни флеки на телото да изедначам. Инаку почнав со 7 мин, па 10, па 15..
Мене нозете ми претставуваат голем проблем. Никако не ми фаќаат боја. Не ми е згодно да облечам ни фустанче ни шорцеви. Рацете лицето ми се претемни а нозете бели ко на полицаец. Имам пробано неколку производи од Авон ама немаат ефект. Некој друг производ да ми препорачате?