Само што ја видов статијава, па кој сака нека се придржува на советиве. Да не биде дека солам памет. https://infomax.mk/wp/bhимавајте-со-ова-масло-не-смeeте-да-се-сон/
Дали некоја од вас го има користено маслото од Dr.Tuna, за потемнување? И да каже искуство Конкретно за ова прашувам
Треба да одам на свадба за две три недели и ќе облечам краток фустан но нозете се мн бел тен за разлика од рацете и лицето, дали може некој да ми препорача крем или бронзер како и да е барем за неколку сати? Благодарам однапред
Да прашам само дали го пробавте веќе не ми се оди по солариуми ладно ми е сакам да пробам вакво нешто.
Јас иако лесно фаќам боја сепак користам масла за интензивно потемнување. Кај мене најголем ефект имаа Black up со 6ка фактор, Carotten и уљето од Dr. Butchers ли беше врска немам не ме држете за збор.
Мене овие на нивеа и слични што ги има во дм ми се катастрофа. Многу грдо мирисаат после неколку часа, и кога се потиш паѓа. Јас земам од сефора, поскапи се ама вредат. И во темава се зборува за производи за самопотемнување, значи без изложеност на сонце, а не како што спомнувате горе масла за побрзо потемнување додека се сончаш.
Јас до сега сум ги пробала тие на Балеа, Сан денс, на Зиаја двата и сите мирисаат лошо после неколку часа. На Зиаја малку помалку, но сепак се осеќа и ми е непријатно дури. Ако има некој што не мириса така или барем многу малку кажете.
St tropez го има во сефора а може и да се нарача. Пена за потемнување околу 2000 денари кошта, ама нема допирна точка со овие кај нас. Мириса преубаво, се тушираш а стои 6-7 дена тенот, изгледа бронзено, а не како кал, се нанесува рамномерно.