Не сум користела досега, но по некоја логика би требало да излезе ако направиш пилинг на телото. Имав читано некаде дека пилинг е задолжително пред нанесување на кремата, но и на крај, кога ќе сакаш да ја извадиш и повторно да нанесеш нов слој (мислам на неколку дена-недели, колку и да трае бојата од кремата).
Кој боди лосион за самопотемнување е подобар на зиаја или нивеа за доста светол тен, и тие што користите дали убаво мирисаат?
Јас ги земав капките, деновиве ќе ги пробам. Прочитав доста позитивни критики па се надевам ке бидат добри.
Јас моментално го тестирам овој на Лавера и многу сум задоволна од резултатот. На првата слика сум пред да нанесам од кремот. За првпат го нанесов понеселник 24 мај околу 13 часот. Втората е сликана истиот ден после 5 часа од нанесувањето (околу 18:30 часот). Третата слика ја направив по 4 дена и тоа беше второ нанесување на производот (6 часа после второто нанесување). Откако ќе се нанесе почнува да делува после 5 часа. Не се нанесува околу очи, на веѓи или блиску до скалпот каде почнува косата. Се нанесува на лицето само 2 пати неделно не повеќе.
Здраво, сакам да прашам од кои креми за самопотемнување сте задоволни а сепак се и приступачни со цени до кај 1000 денари
Би требало да има и за тело. Ги има на bellina.mk Доколку не го најдеш тој на Lavera слободно земи го на Pulp de Vie кој исто така е предобар. Потребно е повеќе време за потемнет тен, ама може да се користи секојдневно (овој на лавера само двапати неделно). Еве на кој производ мислам.
Девојки ве молам за помош. Во сабота сум на свадба меѓутоа едното рамо ми е поисунчано од другото ( сонце што ме фаќа при возење во кола) и имам линија од кратки ракави на рацете, како и што да ставам нешто да се намачкам бар малку да ми бидат како изедначени ????
Здр имам слушнато дека треба на сонце да се стои, или може и само онака да се размачка, се мачкам од кремата втор ден по ред и приметувам флеки, али не се секирам затоа што ќе се изедначи постепено сигурно, само на некое место имам потемно, некаде посветло хаха, ама ајде нели сакаме чоколаден тен така да ќе биде
Не, не треба да се седи на сонце, лосионот е наменет да потемнеш без да се изложуваш на сонце.Флеки имаш зашто не ти е рамномерно нанесено, треба да внимаваш секаде да биде исто ставено.