Се флекат и тоа како, сите посветли алишта од внатрешната страна ми беа лом - прслуците ми беше најтешко да си ги исперам, може три кила Vanish потрошив од тогаш - само многу моркови пред сончање и изложување по пола саат на сонце околу 10 саат наутро и 5 попладне. Поубава боја добив така отколку со тие за самопотемнување. И, имав ставено и на лицето - да не сум бела ко вампир - ама жолта станав и одвај излезе - затоа поарно ќе си користам лосион со светки, и тој дава ефект на сончана кожа.
Никакви лосиони и креми, имам пробано на Nivea и на Garnier и Dove, искрено не можам да се решам која е поужасна. Си се знае, или морковчиња и портокали во огромни количини пред изложување на сонце, или таблетките со бета каротен месец дена пред сончањето или си се знае - СОЛАРИУМ. И не сфаќам штетно било, вакво било, аман не одиме по 10 пати во годината, 4-5 пати по 20 мин пред одмор, еднаш годишно не верувам дека е ништо страшно.
така е се согласувам со трендафилка ништо не е штетен солариумот ако не претераш а еднаш во годината ако отидеш 4-5 пати не е ништо страшно напротив ја подготвуваш кожата за ова сонцево што моментално го нема ( облачно е ) ама кога го има опасно пече
Абе види,ок,солариум,ама оваа година 10 мин,до година пак...еден ден не дај боже ќе излезеш на сонце,од сонце ќе ти се појави зошто си создал подлога претходно со солариумите...прво близината на увб и ува зраците кои ги испуштаат солариумите се показател дека тука нешто не е ок.Кожата памти се(ако ништо друго,го убрзува процесот на стареење на кожата и ги оштетува подлабоките слоеви на кожата),а особено пак ако некој има бемки по телото,не смее да помисли на сонце,а па не солариум.Не можеме да го занемариме фактот дека е во топ три причинители за рак и низ многу земји во светот е забранет. Така да...што е битен тенот.Кркни здрава храна (делот со морковите и таблетите со бета каротен) по 15 мин дневно летно време колку меракот да ти помине и готово. Лесно ми е мене да кажам кога сум природно чоколадирана,не се ни печам на одмор со намера да поцрнам,ме брка сонцето и под сенка,ама во животов од аздис речиси се сум пробала (дрога и цигари,не!!! ),па и кремчињава.Женска психологија,то је!
Јас почнав да го користам лосионот од Авон и неможам да се пожалам мн убаво мириса,и полека полека делува ама неможам јас да се надевам дека одма ке имам чоколаден тен зашто имам светол тен,лесно горам на сонце,а за солариум тешко дека некогаш ќе се одлучам...а за флеки не остава флеки зашто се упива во кожата
Мене не ме плашат флеките и сите тие проблеми околу нанасувањето... Ме интересира колку се тие безбедни за користење? Што содржат? Какви се тие хемикалии во нив и на кој начин функционираат? Што се случува, каква реакција и како потемнува кожата? Јас имам користено на Нивеа, не се испошљакав и не се исфлекав. Не ми беше перфектно рамномерен тенот, но не беше лош. Но само едно шишенце искористив и оттогаш не сум купила. Се мислам дали да земам пак.
Мислам дека не го менува тенот,туку кремата при допир со воздух оксидира и ја менува бојата,така што бојата упива во кожата,но малце да се протриеш при бањање паѓа.Со самото тоа дека ја бои и облеката,ова ми е единствено објаснување. По принцип на темнеењето со спреј...
Да, имаш право тоа е логично. Не сум се сетила на тоа Сепак ми е малку страв, хемикалија е и се нанесува на кожа, а со тоа ја примаме во организмот. Ама па неможеш веќе од се да се заштиш...
Не користам лосиони бидејќки слушнав дека многу флеки остануваат, а за солариумот бев 5 пати ланската година по 6-7 минутки и цело лето шетав со линии на грбот (од неонките, бидејќи солариумот беше лежачки)
Најгадно нешто се кремите за самопотемнување. Лани сакав да бидам „бронзена“ без сонце и без солариум. Па се мачкав со еден крем за самопотемнување од Нивеа, еден куп пари истрошив на овој крем.И на крај резултатот беше жолтеникаво-зелена боја некоја никаква. Бев за никаде. Така да не трошете пари на вакви глупости
da da i ja imam koristeno na NIVEA mlekoto za samopotemnuvanje.Lele koga se namackav prv pat utredenta racete zuti zuti sho da vi kazam slednite nekolku dena se mackav so rakavici i bojata mi beshe mn ubava stv ali posle toa...od koga prestanav da se mackam... lele lugje sho da vi kazam SRED LETO Ja SUM SHETALA SO SHARENILO NA MENE! kade posvetlo, kade potemno...abe lom sum bila i reshiv vishe takvi raboti ne koristam...poubavo ke se pecam na sonce ama barem nema da mi bide sram da se soblecam
Probav lani leto Krema na Nivea se bese ok no sarenilo eden ton daj kazete ve molam kako da ne bidam sarena i kako da uspeam tamnomerno da sea namackam sekade
јас сакам ова лето пред да одам на одмор да ставам крем за самопотемнување ама пак незнам уште се размислувам...
не користам креми и лосиони ,затоа што мислам дека нема една девојка со добро искуство од нив! еднаш имам пробано, внимателно го нанесував, со сунѓерче, пазев... џабе. вештачки делува!
Jas sum so prilicno bel ten, se mackam so kremata od oriflame i sum prezadovolna, se mackam cela kako so losion za telo i cekam da se isusi i po prvot stavanje odma se primetuva postepeno potemnuva tenot i e super...
горе - долу ги прочитав постовите и никаде не сретнав нешто конкретно за СПРЕЈ за САМОПОТЕМНУВАЊЕ , ќе може ли нешто повеќе околу тоа инаку за да не бидам оф топик ајде и јас да се пофалам дека досега немам пробано нешто слично сум се токмела повеќе пати ама кога прочитав ...па ме премисливте
Леле таман се решив да си купам и сега кога ги читав постовите се премислувам.. Инаку јас имам видено српеј во авон и гледам и спреј и крема, си викам што е разликата и кај спрејот пишува за моментална апликација.. Инаку јас имам слушнато дека овие средства содржеле канцерогени некои работи.. . Знаете нешто повеќе околу тоа.. дали е вистина?
Mnogu sakam da imama temen ten,ova leto se ison4av dobro i sum zadovolna,no sega sakam malku da svrtam so e mozno pocokoladen ten,sakam da mi preporacate nekoja krema za potemnuvanje.....gi ima mnogu no sepak neznam koja da ja izberam so bi mi preporacale vie? [mod-kirilica:3jxxwbgp][/mod-kirilica:3jxxwbgp]
ловер ќе те опоменат поради тоа што насловот треба да е кирилица и дека прашањево можело да оди во темата сакам да прашам немало потреба од нова. а инаку да ти одговорам јас ја имам користено еднаш нивеа ама не знам не би користела пак затоа што тенот не е рамномерен.
јас после секој одмор користам крема за самопотемнување односно за истакнување на тенот гарниер золтата ја купувам од тинекс околу 270 денари е, добра е односно за некоја нијанса си потемен и го истакнува сјајот на кожата, не остава траги на белите блуски, само треба да се размачлкаш рамномерно на целото тело