Нема да се изедначи, треба рамномерно да го нанесуваш лосионот и убаво размачкаш. Направи си убав пилинг за тело да ти се скимне бојата побргу. Се мачкав еднаш и знам колку грдо изгледа кога ке се ишараш, одвратно ми изгледаше кожата.
Јас го користам и од сите лосиони за самопотемнување што сум ги пробала до сега од ова сум дефинитивно најзадоволна. Предност е што си го ставаш во твоето млеко за тело и се губи тој грд мирис што го имаат останатите вакви производи. Е сега негативно е што остава флеки на бели алишта, ама се вадат без проблем со перење.
Моментално не , природно сум си црна ама во лето ако имам свадба сакам да сум екстра црна како од одмор да доаѓам и користам тен за самопотемнување од Sun dance го имаш во dm. ❤️
Ова како се користи? Се мачкаш само и толку? Дали рамномерно фаќа секаде, да не испаднам шарена И дали од едно мачкање многу се познава или треба повеќе пати да се става? Јас сум бела па страв ми е
Да само се мачкаш низ цело тело убаво да се размачкаа како млеко за тело кога мачкаш и на крај обавезно рацете два пати да се измијат посебно дланките да се добие поприроден ефект и да не потемнат ноктите Од едно мачкање е доста природна бојата направи го пред настанот неколку дена и тоа пред да си легнеш кога ќе станеш истуширај се ако сакаш потемно повтори ја постапката и добар пилинг “удри” пред мачкање. Ти го препорачувам и овој некако е подобар и поприроден од Sun dance.
Има и едни ракавици од дм, многу вршат работа за рамномерно мачкање, само не знам дали имаат донесено, околу 220 беа. И тие пените се нанесуваат исто со ракавицата, ем рамномерно ем не се правиш лом.
Да ги имаше едно време и од тогаш неможам да ги најдам никако а ептен се добри за нанесување се надевам ќе ги донесат пак..
Од истите ли? Имаше едни нови на sunkissed, ама тие беа за пилинг, не за мачкање, околу 429 денари. И нови пени за самопотемнување, исто Sunkissed. По нет гледам 5 долари, тука 700 денари.
Да имало и за пилиг и за селф тенер . Она 300 ми побараа класика ракавица.( ваљда збориме за истите) Ќути се заборавам да нарачам , купив нов тенер да пробам од дм па да го сефтосам на правилен начин не со кеса на рака и мачкај
Да ти кажам право, знам да нанесам на лице понекогаш, но генерално имам за нијанса потемна пудра плус контура бронзер и таман е. За грб некад со оние стапчиња за туширање на грб , претежно другарка или мајка ми пред спиење .