Фала ти, се мислам да пробам но не знам кој е добар и се плашам дали ќе знам правилно да го нанесам ама оваа лето ќе пробам па што биде нека биде.
Мои омилени се: ST Tropez, Bali ,Garniel tanner oil и најновото од дм шо го земав Sunkissed mouse. Бојата си ја бираш според кожата ја пример сум фета и секад идам најсветла после ќе поминам уште еднаш ако не ми се допадне.Стави на рацете едни ракавици под ракавицата за тенот, после едната убаво прст по прст. Пред да се поминеш среди се , бричење , ексфолијација го вадат побрзо тенот. Иии пробај го тенот да видиш како ќе се развие , ехеее да знаеш на шо личев ја коа прв пат ставив
Остава траги на облека? Дали мириса убаво? И дали има нијанси? Нозете секогаш ми се посветли од горниот дел, а од кремата за лице што ставав и на врат, исто ми дели нијансата со деколтето. Божем рамномерно се сончав, а пак сум шарена.
На облека не остава, одма се измива (при туширање) и убаво мириса. АМА не смее капка да ти капне одма има флека
Од каде го купуваш? Creightons пробан, солиден е, еднакво се измива, не е претемен и не мириса лошо. Овој дали го имате видено во ДМ негде? Не можам да го најдам...
Го порачувам онлајн, во Германија го добивам за помалку од една 1 недела. Производот е стварно квалитетен.
Веќе 4-5 дена го користам, мал збор е да кажам дека сум задоволна. Преубава боја се добива и не остава флеки(ако добро се нанесе), не остава траги на облека
Јас го земав во дм, денес баш во сити мол беше на попуст. Ако го нема на рафтовите побарај им го нон стоп им се троши… го има и во продавнициве на Зиаја.
Здраво, дали некој има искуство до Airbrush spray tan? Во јуни сум на свадба, па ме интересира колку дена однапред треба да одам?
Јас правев во Жданец, airbrush skopje беа потпишани мислам. 1200 денари, трае околу 10 дена ако ставаш лосион ама последните 2 веќе се лупи на рацете и нозете. Најубаво е да ставиш 2-3 дена претходно, зависно која нијанса ќе ја одбереш. Изгледот е врв, да можев на секои 10 дена ќе одев
Најубаво ти е од 2 ден натака пред свадба за да може горниот слој т.е вишокот на боја да падне со тужирање. Само те предупредувам дека грозно е кога бојата паѓа шарена ќе си и како прљава
И мене ми д И мене ми се појави тоа на Инстаграм, затоа и се подразмислив. Јас не сакам некоја претерано темна нијанса, ама дека сум бела како снег па сакам малце да заличам на човек. Значи да си закажам 2 3 дена пред свадбата. А пред да одам треба нешто пилинг на тело да направам? И дали после тоа треба да внимавам нешто? (пр.да не се мијам со многу топла вода, дали при бањање да (не) користам сунѓер итн. и сл.)
Да, депилација 3 дена претходно и пилинг вечерта пред да одиш После тоа без пилинг зошто побрзо ќе падне