Сигурно? Зошто планирам доста светла боичка на фустан да облечам па кога ќе се испотам малце страв ме фаќа
Правев лани во тоа во жданец, со прво туширање веќе бев за нигде, среќа што правев за пред одмор, а не за некој настан. Во моментот изгледаше супер, но после тоа сепак, можеби некој друг бил задоволен, јас не бев за жал.
Од кој лосион сте задоволни во трајност? Пробав со Зиаја добра боја се добива и трае ама мирисот што останува на тело ми беше неподнослив, колку и да се капиш додека не падне бојата мирисот останува. На Биотен нема лош мирис но при првото капење паѓа се лушти не изгледа убаво. Хелп.
Нешто со поголема концентација на дха сакам поинтензивна боја да добијам? Моментално Зиаја користам супер е не остава флеки но е многу суптилна бојата.
ДОМАШНИ УСЛОВИ - НАЈЕВТИНО, НАЈБРЗО, НАЈДОЛГОТРАЈНО! SUNDANCE TEINT во сите DM маркети. Марамица за еднократна употреба - 20 денари (во МК) https://www.dm.rs/sundance-jednokratna-maramica-za-samopotamnjivanje-p4066447105452.html Спреј - 120 денари (во МК) https://www.dm.rs/sundance-teint-sprej-za-samopotamnjivanje-p4066447288834.html Млеко - 120 денари (во МК) https://www.dm.rs/sundance-teint-losion-za-samopotamnjivanje-p4066447106992.html ПРАВИЛНА УПОТРЕБА за потемнување една нијанса Ставете количина (ако користите млеко) на рака и нанесете рамномерно секаде каде што сакате да добиете потемна боја и оставете да се исуши. Кремот е безбоен, не остава флеки ниту точки, оставете го да делува во наредните 3-4 часа, а потоа истуширајте се. Бојата почнува да добива ефект после 4 часа. ПРАВИЛНА УПОТРЕБА за чоколаден тен Ставете количина (ако користите млеко) на рака и нанесете рамномерно секаде каде што сакате да добиете потемна боја и оставете да се исуши. Доволни се 5 до 10 минути да се исуши. Повторете ја постапката уште неколку пати. Оставете да делува во наредните 3-4 часа, а потоа задолжително истуширајте се за да го отстраните вишокот. Чоколадната боја доаѓа после 4 часа. Производи од другите брендови имате на Eveline, Bioten, Nivea... но сите се 5 до 10 пати поскапи, а ефектот не е подобар. pred da go kupam go gledav ova video a ako vi treba profesionalno, za seriozni raboti kako svadba i sl. vo Sk imate. Ne e skapo, mislam deka bese okolu 20e https://www.instagram.com/airbrush_skopje_biorevitaly/ kolku vreme cekase pred da se banjas? odlicno iskustvo imaat site sto gi znam, posebno za svadbi, mislam deka gi remetat kolku im dosagjaat za preku red zs na nevestata i teknalo deka utre treba da e crna ahaha verojatno mislis 20 denari zs tolku se sega
Здраво драга, јас за лице го користам овој кој е дефинитивно најдобар. Се нанесува двапати неделно и дава многу убав тен. Птвиот пат го земав од Белина, а сега го земав од Acqua e sapone во Рим За тело го користам ова кое е хидратантно, ја потемнува кожата постепено и трае
Kade mozam da go najdam kremot za lice vo Makedonija? Nasekade go baram I Dali moze da se koristi vo bremenost?
Некој што ги користел да сподели искуство со овие производи, лосионов од авон го нарачав чекам да стаса но ми кажаа дека е јак и дека остава траги ако не е нанесен со нараквица
Предлог крем или лосион за самопотемнување, а да не остава флеки? И ако може да ми кажете како ги нанесувате? За другата недела ми треба
Јас само маслиново Ставав на Блек ап со 0 Ама не ме слушај мене, ја не ставам фактор. Иначе првите 2 дена изложување на сонце ставам фактор, после само масло. Пред да искочам од дома ставам прв пат, после после секое бањање во вода. И се пржам. Ама моево знам дека не чини. Ама ја не горам и неам гајле
Премногу сум бела… Веднаш горам и црвена сум извесно време. Нешто како фејк тен крема барам, но и да знам како би ја нанела за да немам флеки.
дали користела некоја некој поскап производ како на пример st tropez,bondi sands, loving tan,b tan и како се покажале? планирам да си купам за летово од St Tropez пената па сакам да соберам впечатоци
Мислам ја имаш утнато темата Тука е за САМОПОТЕМНУВАЊЕ, креми и лосиони со кои би добиле боја без изложување на сонце. ти си кажуваш за класично сончање и креми за сончање со/без СПФ. Девојката бара препорака за крем со кој би се намачкала дома и за некој саат би имала тен. Маслиново или блек ап не би помогнале никако Друг совет од мене, иако не гориш сепак со сончање без спф ја оштетуваш кожата, кожата побрзо старее и го зголемуваш ризикот од рак на кожа. УВ зраците што не те "горат" сепак навлегуваат длабоко во кожата и ти ја оштетуваат ДНА. If skin darkens after exposure to the sun, it is a sign of skin cells in trauma, even if there is no sign of redness or peeling. И јас се мислев за некои од овие. Како што читав и истажував на неа најдобри препораки прочитав за bondi sands па планирам тоа да го купам и пробам. Само незнам како да дојдам до него овде во мк