Не сум сигурна дали сум во вистинската тема, ако не сум слободно преместете. Да препорачате некој спреј, лосион или било што за добивање благ тен и сјај на кожата? Значи не да изгледа како да имам светки, туку како некој понежен и суптилен сјај. Вака нешто како на сликава: ] Најбитно да нема лош мирис и да не остава флеки на облеката зашто планирам да носам светол фустан.
Па по интернетов што читав, овие две најмногу ги препорачуваат. Сега баш прочитав во групата на фб, Dm - recenzije i iskustva. Пишале дека овој на Нивеа давал баш нежен и суптилен тен. Не сум сигурна дали го има кај нас, а маслово на Оливал мислам дека го имам видено во ДМ а може и онлајн да се нарача.
Го купив овој мус во дм, околу 200 денари +/-, не е лошо, но јас не наидов ракавица за нанесување па ми е малце нерамномерно на одредени места. Ќе нанесам повторно со памучен туфер па ќе видам како ќе испадне. За нијанса-две се гледа разлика во тенот, колку ќе трае не би знаела, но за тие пари препорачувам.
Ги имам користено: Afrodita спрејов Спојлер Sun Dance пена Спојлер И Dove Summer Revived лосион Спојлер Најдобра нијанса, стварно потемна во споредба со тоа дека бела ко сирење сум, добив од афродита спрејот, додуша и најскап е тој, околу 700 денари. Другиве два ми се горе долу исти, нијансата што ја добив е малку потемна од мојот природен тен, и позитивно е што рамномерно се распределија, нема очигледни бели флеки кај што не фатило, и кај што мора да поминам пак.
Лани го најдов во дм. Годинава го барав пак (во друг дм) ама го немаа па зедов од тој на sun dance. Генерално ги има во дм производите на афродита, зависи како ќе зачекаш.
Кој мармалад за тело за добивање боја е најефикасен? Јас имам на Каротен сакам друг да пробам ова нешто не ми е погоден, јас го имам тој со портокаловото. Денес во ДМ гледав на Афродита ама не знаев дали е добар. Имате ли искуство со тие на Афродита?
Го користам moussot од Tansation и спрејот за лице..што сѐ немам пробано пред тоа…ова ниту флеки остава,се суши брзо и нијансите им се топ.Препорака.
Женски кажете ми лосион за самопотемнување нема ниеден во дм освен Ziaja а со тој имам лошо искуство и само Vichy го има во аптекиве. Препорачајте ми некој да не е портокалов и да не остава флеки и од кај да го купам.
Sun dance би требало да го има, бренд на дм е. Афродита во некои дм ја има, во некои не, го купив лани, после тоа не го најдов. Дове-то го зедов скоро од дм, ама од Германија, не знам дали го има во дм во Мк.