СМРДАТ! Кога бев млада и зелена, опсесија ми беше да имам темен тен. Тоа е, најдобрата другарка ми е ко маслинче, совршен тен има, ко Јасмин на Аладин. И се решив да пробам, прво со Дове, па со Гарниерот и на крај со Нивеата. Секој пат за саат време кожата ми засмрдуваше на нешто полошо од неизбричена мишка во автобус во јули. Вториот ден бев 102-риот далматинец, а третиот бев ко далечна роднина на некоја зебра. Ужас! Никогаш повеќе, или ќе си се сончам природно или гордо ќе си го носам аристократскиов ми тен.
Аристократски тен или а ла Африкана? Може ли да ми кажете некоја добра крема за потемнување но некоја добра. Еднаш другарка ми користеше една од Луксембург и кога стана од спиење беше буквално помаранџеста ко морковче! Затоа знаете ли некоја која ќе го даде саканиот ефект!
Јас имам користено од лосионите на нивеа за самопотемнување и немам лошо искуство значи нити сум се ишарала нити сум испаднала портокалова .малку повеќе треба да се внимава при нанесувањето значи да е рамномерно нанесено и да го оставите да се впие убаво да не се облекувате одма и не би требало да има проблеми
искрено многу често не ги користам а и имам ужасно искуство од еден производ односно од Dove бев поканета на свадба а во последен момент си одбрав подеколтиран фустан и си велам ајде да изгледам по заводливо и што да ви кажам како го намачкав седев поприлично гола и чекав да се впие два часа ....и како го облеков фустанов целиот го направив лом....Па од срце ви препорачувам во никој случај да не сте потрошиле денар за овој производ За разлика од него имам супер искуство со Nivea...само што малку смрдиш чудно и ниту еден парфем нема да ја покрие таа арома
Сум користела повеќе креми за самопотемнување. Прв пат на бела несончана кожа и изгледав како недајбоже да боледувам од жолтица. Од тогаш ги нанесувам само на исончана кожа. Поточно, редовно се враќам од одмор само за некоја нијанса потемнета оти немам пигмент, и после се фаќам за самопотемнувачот и ефектот е - супер си се исончала. Инаку квалитетните средства нам овде не ни се достапни или се екстремно скапи (Lancaster), она најдобро што е кај нас е Нивеа.
Како што разбрав најпрво пилинг па потоа ставаш од кремот со ракавци(а добро ли се размачкува со ракавици мислам дека не е исто како со раце) и откако ке се исуши случнав дека повторно треба да се истушираш.Така?И последно прашање колку чини оној на Нивеа?
Јас сум против еднаш пробував ги користев како што беше упатството и на крај не ми беше израмнен тенот. бев целата ишарана и мн грдо изгледаше
jas dove koristev lani i aren bese ama godinava nemozam nikade da najdam takov...go videl nekoj nekade skoro? [mod-kirilica:1siljgmn][/mod-kirilica:1siljgmn]
Никаде нема креми за самопотемнување, и во маркети и во аптеки барав, на ниедна фирма нема, не знам зашто.Се утепав од барање вчера
Имам многу лошо искуство со кремите за самопотемнување, така што мислам дека засекогаш се откажав од нив. Подобро да си го имам мојот природен тен, отколку да бидам цела со флеки и да се срамам да излезам надвор. Пред 2-3 години пробав со Нивеа и со Dove. Тенот ми беше буквално портокалов, некаде посветло а некаде потемно.
И јас илам многу лошо искуство. Лани го користев од Нивеа,и на крај испаднав буквално шарено-портокалова Не испаѓа воопшто убав,рамномерен тен,излага како гнасен,неискапан да си
Имам многу морковесто искуство на темава Зедов крема на Орифлејм , го следев упатството ,сосе пилинг ,па веднаш по капење итн и излегов портокалова ! Ексик на тело ,имав ставено и на лице , а во тој момент и косата ми беше розова! Изгледав како одвратен ванземаљац!
Имам многу морковесто искуство на темава Зедов крема на Орифлејм , го следев упатството ,сосе пилинг ,па веднаш по капење итн и излегов портокалова ! Ексик на тело ,имав ставено и на лице , а во тој момент и косата ми беше розова! Изгледав како одвратен ванземаљац!
За самопотемнување лани сестра ми ја зеде оваа крема,добра беше не беше лоша бидеќи таа е бела ја потемни малце,ама еднаш решив и јас да ставам и бидеќи јас имам потемен тен многу поубаво ми седеше мене...имам читано на форумво некои феминки кажуваат дека добиле мозолчина од овој крем-кај нас немаше ништо такво..
Сега си ставив од кремата на нивеа.Ме интересира по колку време се добива резултат и дали може по неколку пати на ден да ставам?Мене не ми е дојдено до тоа да имам ибав тен туку потребно ми е поради кожата бидејки имам проблем... и не ми се познава само кога сум исончана.
Со Нивеа мислам дека после 4ти ден отприлика се приметува. Не ставај повеќе од еднаш, прво зашто е мрсно и не се впива така лесно, ќе ти остава флеки на облека особено кога ќе се испотиш, плус ти ќе си нправиш флеки. Инаку, мајка ми секое лето користи од кремиве и секогаш откако ќе се намачка после 3-4 саати се тушира, ама убаво се трие.И така никогаш немала флеки на неа или на облека, а потемнувала
ауу кремава моментално е во некој си отпад низ земјава погрда крема амин потемнуваше одма да, ама не се вади бе, колку сум трљала со сунѓер,со крпа јок не сакаше, ми се плачеше тогаш