А дали некако може да се отстрани црната боја од сончањето?Пaк кожата да стане бела?Не прашувајте зошто-како,само кажете ми ако знаете.
предходно имаа пишано со 3 % хидроген ама тоа е за боја добиена од креми а за природна темна боја не верувам дека може некако да се отстрани освен со тек на време ( иако не ми е јасно зошто сакаш да ја отстраниш сите сакаме потемна боја а ти побела но рече да не прашуваме)
Со триење со лимон пробај..а зошто сакаш да ја отстраниш? (морав да прашам иако рече да не прашуваме некако чудно ми е )
Испадна дека овие препаративе биле штетни па свртев и дрво и камен,никаде никаков неможам да најдам. Сега ги тестирале демек,да видат што не е ОК.Ваљда до другото лето ќе има некакви резултати. Јас сега пошто ги нема,решив да одам во некој козметички салон да се прскам со сончевиот спреј. Само тој дава такви резултати како сликата погоре.
јас го имам користно од Carroten и не остануваат флеки..но оваа година барав и никаде ама баш никаде неможам да најдам никаква крема за самопотемнување знае ли некој кај можам да најдам во ск.?
Ако сакате да бидете шарени по цело тело мачкај те се. имам пробано од сите скоро за потемнување, и поскпи и поевтини зашто сум прилично беличка. Се мачкав рамномерно, со посебна ракавица, но сепак секаде различно фаќа осбено во вантрешноста на рацете. Не фрлајте пари за глупости само ќе останете со празен џеб и празни очекувања. да не шетате после како зебра
Моето искуство е позитивно, сум користела креми Нивеа и Гарниер. Ако имате изразено бел тен како мене прво почнете 2 пати со посветлата нијанса а после продолжете со потемната. Мислам дека треба да бидете исклучително внимателни кога ги користите, обавезно пилинг претходно и јас обично се мачкам навечер пред спиење и внимавам да е рамномерно нанесено и да е убаво впиено. Сабајле се туширам и ставам хидратантно млеко за тело. Совет, после туширање внимателно бришете се со пешкирот за да ви трае подолго и да не бидете шарени. Кога ќе почне веќе да паѓа бојата најдобро е со сунѓер, пилинг или со влажен пешкир да ги отстраните остатоците па пак од почеток да си почнете со мачкање. Мене ми трае околу 7 до 10 дена убава боја. А најмногу што ме нервира кај сите вакви креми е мирисот на запалена кожа кој дури и по туширање останува... Не знам зошто ама летово не можев никаде да најдам креми за потемнување, чудно... се надевам дека не се нешто страшно штетни...
Леле кога ја видов темава ми текна на една другарка од клас. Ни дојде еднаш жолта во лицето, шарена. Само таму си се мачкала и тоа којзнае како. Спојлер Оваа е супер за неа. Туку, бек он топик. Користев едно време за нозеве од Granier, ама не сум баш задоволна. Ставав две недели, не видов некои посебни резултати и се откажав.
И јас имам користено повеќе креми за самопотемнување и до сега најзадоволна сум од Каротен ама нажалост веќе не можам никаде да го најдам. Исто така солидна е и кремата од Авон, ептен брзо дејствува и трае подолго време. А за флеки... од сите се прават, ако не додека е тазе (првите неколку дена) после тоа кога паѓа бојата гепард изгледот не бега. Спојлер
Ќе си порачаш од Авон многу се добри барем за мене...имам бела кожа и ги користам тие што се за светла кожа, и многу добро потемнуваат.Неможеш да забележиш дека ти е фејк бојата на кожата.
вака,на 10јуни сум на свадба кје бидам деверуша(нема везе тоа) значи не треба да ми биде сеедно како кеј изгледам..е сега,знаете зима и многу сум бела..и кје носам едно тиркизно фустанче и кога го пробав на ништо не личев ради таа бела кожа...е сега за ова кремиве..колку се ефикасни ? дали се штетни ? дали може да користам зошто имам 15год..мислам дали е препорачано,дали смее ? и ако може да ми препорачате некоја која сте ја користеле и која стварно ви направила рамногмерен тен и навистина убаво да изгледа ?
Јас ги користам веќе со години, дава рамномерен тен но само ако убаво и рамномерно ја распоредиш. Последно ја користев од Авон но воопшто не беше убава, и мака мачев додека ја извадив мене најубави ми се на Нивеа, но ги немаше лани нигде, ни по маркети, ни по аптеки, се збореше дека се повлечени, сега дали ги има не знам. Исто и на Дав не е лоша , но е малце погуста од нивеата и потешко се размачкува. Имаш и на Гарниер мислам , и на Џонсон, овие две ги немам пробано. Според мене најдобра е на Нивеа , пробај најди ја Нормално по парфимериите имаш и поскапи што достигаат цена и до 2000 денари ако не ти се проблем парите можеш и таква да си земеш
Meне најдобра ми била таа од Џонсон- навистина дава убав исончан тен после 2-3 дена од нанесувањето, оти нели, постепено темнееш, ама ја користев еднаш и никогаш повеќе, дури и ја фрлив. Не ти препорачувам и тебе да користиш креми за самопотемнување. Ајде на зима, не се потиш толку па може да пројде да ставиш на врат и деколте, ама на лето, кога е пеколно жешко, се потиш, па во тиркизно фустанче има да ти се размачка бојата, да ти се извалка фустанчето од внатрешната страна (ова од искуство од мојата крема, носев бела облека и потоа беше целата валкана од кремата), и кога ќе се тушираш после има да се изнамачиш 2-3 пати додека да падне убаво кремата и голема е веројатноста да шеташ шарена, а тоа не изгледа воопшто убаво. Подобро оди неколку пати на солариум, ќе добиеш потемен тен за кој ќе бидеш сигурна дека нема да го изгубиш на сред свадба, отколку вака да поминеш сто перипетии и на крај пак да се нервираш. Уште подобро е воопшто да не се замараш и да си го облечеш тиркизното фустанче и да си уживаш- ни креми ни солариуми, затоа што ти сеуште си дете, имаш 15 години и не треба толку да брзаш со овие работи А патем, деверуша на 15 години? Колку години е другарка ти што се мажи ?
тетка ми е. :/ али пошо немале девер поголем,па нашле колку мене..мораше јас да бидам деверуша. патем фала ти стварно...сеа ме стави у мислење што да правам.
Откако ќе се намачкате со ваква крема, после неколку саати туширајте се, проверено Звучи чудно, точно е и дека малку боја паѓа, ама така сигурно нема да имате флеки иако за да поцрнете ќе треба некој ден повеќе
Јас имам користено на Дове,Нивеа и сеа последново на вандини. Коа се мачкав со тоа на дав, пошо не знаев, си се мачкав секој ден после туширање, и нормално после 4-5 пати стварно ми изгледаше преубаво кожата и сите ме прашуваа како поцрнев толку за кратко време, но после неколку дена бев ко жапче хахаха. Е потоа си земав Нивеа и памет од претходниот пат, нанесував од лосионот само 2 пати неделно, на чиста кожа и од тогаш наместо солариум, вака на природен начин кожата баш ми изгледа секси и преку зима. Инаку јас имам бел тен вака ми доаѓа кожата ко 2 дена да сум се сончала. Стварно сум задоволна, но на вандини лосионот ми е поубав. Јас го зимам од космо околу 380 ден е. Епа ве советувам да пробате на овој начин бидејќи со сигурност нема да имате флеки и такви чуда.Додуша и да имате тие нема да бидат многу приметни бидејќи од 2 пати не е којзнае колку темно, нели?
ёнам дека има специјални креми за са,опотемнување за лицето,но јас никогаш не сум ставала. А од лосионот само до вратот