Јас планирам сега да земам од наредниот каталог или од спрејот или од лосионот за самопотемнување.Па девојки ајде посоветувајте ме кое е подобро,до сега немам земено од нив а баш се поефтини не ми се пропуштаат.
Ги прочотав сите мислења и искуства ,и баш ми е драго што на некоја ФЕМИНКА и текнало да отвори ваква тема.Многу сум бела и поради тоа ми се познаваат сите влакненца на нозете ,дури и кога сум тасма издепилирана ѓоа бебенце, .Арно ама џабе се кога неможам да си облечам сукња и фустан ,цело лето се варам во пантолони или до земја долги сукњи.По се што прочитав на NIVEA лосионот е изгледа најприфатлив ...Па летово ке можам да си носам сукњи. .Значи првин пилинг па мачкање со лосион па туширање ???Или редот е поинаков?
НИКОЕ! Јас сум доста бела, изгледав како мачакана со кафеава боја. Кога се мачкаш отпрво нема никаков ефект, јас ставив ТОН на нозете и ништо. Се разочарав си легнав. Сабајлето станувам, што да видам како некоја циганка да ги ставила нозете под ќебе. Ама она грозно кафено, како небањато И не се трие мајчиното, се скапав рибајќи поминаа 3-4 дена за да скроз го исчистам. Од срам дека си играв играчки излажав нешто дека кремата за сончање ми била непогодена оставала флеки. Избегнав ремет од едно 10 месеци унапред. Ако си решена да ја купиш, знам евтина е доста, земи ама не очекувај WOW ефект, и ставај по МАЛКУ! немој ко мене за 10 саати во Зекија да се претвориш
Јас ги немам користено, многу сум бела ама не се осмелувам да користам такви чудби, колку фатам под сонцето, толку. Моја братучедка ги користеше се сеќавам и беше ко небањата, ко некој со кал да ја шлакал а рацете и беа жолти, смешна беше дури. Мислам дека е пожелно да се направи пилинг на кожата на целото тело пред да се почне со употреба на овие креми.
Па јас не сум толку бела имам така светло кафен тен и кога се сончам многу убав тен добивам.Туку сакав од овој спрејов што е да го пробам,за лосионот и други ми рекоа дека оставал флеки.
Оууу ми текнува од овие од Авон или Орифлејм мислам дека беа, ко мала ме намачка женската на братучед ми пошто цел живот сум бела, имам светол тен доста, леле кога ме намачка што да видам, исто ко кај Хипстер кафеаво ко небањато и тоа по раце ме намачка а делот кај градите и стомакот бел. Па сега вие замислете како сум изгледала, ни за на маскенбал не би примиле таква, за грев. Некогаш си викам да земам пошто стварно ми е бел тенот, а бронзен никогаш не сум ни добила ама кога ќе ми текне на погоре наведениов ефект - no thanks!
Не сум користела до сега, еден период помислив затоа што сум бајаги бела и ми се познаваат и вени на некои места и од влакненцата исто како што пишала погоре некоја феминка, издепилирани ми се ама пак се познаваат како црвени ситни точкички. Не се многу приметливи, ама јас си ги гледам А кога сум исунчана го нема тоа! Ама некако што знам имам чувство дека после тоа на облеката ќе ми остануваат кафеави флеки Иначе колку што читав за нанесување на овие креми за самопотемнување, важно е претходно да се направи пилинг на кожата и пожелно е да ги нанесувате со ракавици за да не си ги исфлеката рацете и за да нанесете насекаде рамномерно. На тој начин ќе избегнете флеки. А исто и ова, имам мириснато еден лосион кај другарка една, Нивеа беше, и мирисаше многу гадно! Не би издржала да го имам тоа на мене
Никако оваа крема Одма потемнуваш од неа да и убаво мириса и светки има и се, ама каков нерамномерен тен дава леле па и не се вади лесно, мислам имам пишувано на темава за оваа крема дека за ништо не чини Нивеата ти е најдобра, лани ја немаше никаде сега не знам дали е пуштена во продажба. Дава убав чоколаден тен и ептен лесно се вади, со влажна крпа
Јас имам аристократски тен значи многу сум бела.. минатот лето пробав и си ставив крем за потемнување од Џонсонс.... по три дена бев цела како со шарки по нозете... освен со сунчање не верувам дека некоја крема толку добро може да ми ја потемни кожата. Ќе си одам на матура како вампирче ама ако
А што е со спрејот?Да го земам барем него.Спрејот е само за истакнување на тенот.Јас и онака потемнувам во лето имам доста убав тен само сакам повеќе да го истакнам.
Јас мислам дека овие лосиони и креми за самопотемнување воопшто не вршат работа. Имав една другарка која се шлапаше нон-стоп со вакви креми и кога ќе се избањаше цела беше со флеки. За џабе фрлени парите.
И јас исто мислам.За мене се беспотребни производи.Според мене веднаш се познава по телото или лицето дека не е природна боја,туку иди нешто оранж боја според мене многу грдо и одвратно изгледа.Пре би одела на солариум отколку да се шлакам со лосиони за самопотемнување,а уствари нема никаков бронзен тен,туку портокалов.
Не знам го немам пробано, ама јас би ти рекла да не ризикуваш, мислам дека цела колекција не чини види побарај некоја друга
Ок фала ти за советот. Јас сепак спрејот ќе го земам бидејќи работам со авон па ќе кажам резултати после.
и јас бев залетана по вакви креми, ама откако дознав дека оставаат флеки на местото каде ке ги нанесеш, таа луда идеја моментално ја снема
И јас имам пробано со кремови за самопотемнување од AVON и не дека не делуваат ама целава се направив шаренило , не знам дали го немам добро нанесено или така ми прифаќа кожата Еве го користев број 3
Го има некој пробано лосионот или спрејот SUN DANCE во DM има, ако има некој пробано нека сподели како е задоволен