Имам многу трагикомично искуство со лосиониве за потемнување. Минатото лето,си купив Јонсонс лосион. Фино лепо си се намачкав,си облеков пижами и си заспав. Сабајлето се будам и си ја гледам раката цела шарена. Како сто години не измиена. Се насобрал лосионот во порите на кожата, онака во определени места само,а негде бела кожата. Додека се свестам што ми е , се уплашив прво, па ајде на бањање. Кога нема вода. Па ајде си поседов така шаренка. После некако едвај со бањање и со триење со лимон се извади. Од тогаш не ми текнало да експериментирам. Не знам рамномерно да го нанесам очигледно. Е, ќе заборавев. Си купив Авон лосион некој за нежно потемнување на нозете. Па си го користам кога сакам да ги маскирам неправилностите на кожата на нозете, кога не носам хулахопки. Супер е.
Лелеееее болна ми е темава. Јас пред неколку години купив едно млеко за самопотемнување од Авон. Вечерта пред спиење се нашлакав убаво па дури и лицето го намачкав. Сабајлето станувам и сестра ми ми вика ,,леле како црнец си,,. Идам во веце кога што да видам УЖАААС. Жолти флеки, некои линии, бојава жута пролив.... Одма во када,па триење со сунѓер, врела вода, па пилинг правење на цело тело и лице....тоа течат жолти реки по када.....Неколку пати во денот ја повторив постапката и на крај како одрана бев Кадата после беше рибана од страна на мајка ми, а јас дента на работа не бев. Сега се смееме со сестра ми, а тогаш ми се рикаше... Такво искуство си имам јас.
Спрејот јас го имав користено.. брзо се впива и долго трае бојата.. малку чуден мирис има е сега, треба многу да внимаваш како го нанесуваш, дека многу брзо се впива па немаш осет каде си нанела каде не, па можеш на некои места повеќе да ставиш па нерамномерно да испадне.. првиот пат кога ќе нанесеш бојата не е толку интензивна ама дека не се вади одма со првото бањање со тек на време потемен тен добиваш се надевам помогнав..
Минатата година со ова масло за сончање многу убава боја си фатив, јас би ти го препорачала, но првите денови ставај си крема со заштитен фактор да не изгориш, па после премини на маслото
Последните 2-3 дена премини на маслото. Добро е, јас лани така гокористев. Ама ме изнасмеавте Вака-Вака и Силк Зошто користите креми за самопотемнување. Ако не се добро и правилно нанесат биднуваш бетер и од кловн а и да ги нанесеш многу вештачки темен тен се добива. Не ми се допаѓаат воопшто.
Ова не е за самопотемнување За да немате флеки, саат време откако ќе се намачкате одете под туш, какво спиење со кремата неистуширани
И јас го имам спрејот, само еднаш пробав нанесов и ми се појавија флеки...ама јас не размачкав или пак од многу блиску прскав па изгледа затоа така ми испадна...Ти како правиш, само распрскуваш или пак и размачкуваш (со рака , со сунѓер) ?
прво пробав само со прскање од блиску и ми искочија и мене флеки.. сега од малку подалеку и размачкувам со рака (потоа секако веднаш се мијат рацете за да не бидам ко циганче )
^ Гарниерот е околу 200 денари можеби и поскап А за Нивеата незнам,пошто не користам вакви лосиони и креми.Еднаш така случајно прашав.
На Лореал кремата многу ја фалат.. Се мислам дали да си ја купам, само најмногу што мразам е мирисот. На нивеа кремата ми се лоши буквално, толку јак мирис на гадно нешто на метал на железо.. и собата 2 дена ми мирисаше.Никогаш повеќе, али се мицлам за Лореал го има ли во Космо?
Имам пробувано со крема на нивеа искрено никогаш повеќе не би пробала добив ишаран тен некаде потемно некаде посветло имам и многу коментари слушано во врска со кремите за самопотемнување како давале ишаран ефект
ООоУУууу и јас сакам по темен тен и се излажав па го купив тој од АВОН самопотемнувачки лосион , вистина е дека се потемнува од него ама не е рамномерно , како извалкано стои , никогаш не би пробала , а и тој што го имам треба да го фрлам , никој не го користи , на сликата под број 3
Абе како тоа флеки ви се напраиле? Јас имам од орифлејм крема и спреј за самопотемнување и редовно ги мачкам нозете и имам прилично видливи и задоволителни резултати, а флеки никогаш немисе напраиле ама се мачкам после туширање на издепилирани нозе потполно мазни да не ми останат дупчиња дека имало влакна и несе облекувам 10-15 минути да впие убаво а потоа облакам некои кратки панталончиња и за 8-10 часа нозете ми се како исончани а на друго место не са мачакм од страв да не се забораам некаде да промашам некое делче па после џабе ми е се.
женски, знаете ли дали има некој навистина ефикасен спреј за самопотемнување, со кој би добила потемен тен со неколку прскања?
Гледав на јутуб, девојката го мешаше со обичен лосион за тело, и двете ги измеша во исти количини и добро и испадна, немаше флеки. И јас би пробала ама ме плашат флекиве