Обожавам да се шлапкам и да се негувам. Најново откритие ми се лосионите за тело од Фелче Азура-лесно се впиваат и ја прават кожата мека. Цена: 170 денари.
Скоро после секое капење ставам млеко за тело,најчето од Nivea.Така кожава ми е многу поуба и помека Можам само на зима да пропуштам да се намачкам зш ладно ми е така да стојам гола
Не можам да замислам да не се грижам за кожата со лосион, особено во лето кога поради сончањето ми се лупи кожата. Ова лето користев два:
Јас си користам млеко за тело од Фа. После секое бањање го нанесувам. Го купив некаде 160 - 170 денари. И презадоволна сум. Ми ја прави кожата мека, а и лесно се впива. Преубаво мириса. Зошто би била против лосиони и креми?
Да се самоцитирам- прееска ги видов овие производи во Космо и беа 206 денари-т.е. млекото а јас сум сигурна дека го купив 140 во јуни . До толку да се покачила цената ?
незнам која жена би била против на ова едно големо ЗА користам и едното и другото најчесто парфимирани креми и децки млека мн.ми ја хранат кожата
според мене обавезно треба да се користат лосиони или реми за тело бидејќи ја негуваат кожата и ја прават мека.
А каде најде млека за тело од Фа? Јас само гелови за туширање од Фа сум среќавала досега, а преубави ми се сите, омилен ми е виолетовиот .
неможам да замислам после капење а да не се намачкам лосион моментално го користам силк од авон преубав е и кожата е неверојатно мека а ги имам користено и овошните
Обично после капење секогаш си ставам имам си едно Dove розавко е,и едно ко излагам тоа ми е од Викториа Сикретс и си го ставам само во посебни прилики
Секако дека сум за лосионите и кремите за тело.. Бидејки кожата после туширање ми е барут сува .. Сум користела и нивеа и Дове, моментално од Дове за затегнување на кожата .. убав е. Инаку денес го видов од GOSH лосионот за тело од чоколадо преубаво ми мириса. Дали го има некоја од вас.. и на која сезона повеќе прилега да мирисаш на чоколадо?
А убаво мириса или? Оти мислам дека еднаш ви Тинекс зедов да го мириснам и не ми се допадна баш. Ама па на кожа може поинаку мириса
Убаво мириса, како на лаванда, благо етерично....затоа е посебно за навечер за полесно заспивање, бидејќи самата арома многу опушта.... Јас го имав убаво беше, брзо се впиваше, лесно беше, и мњамммм....нежен мирис...
Да, користам, меѓутоа навистина ја праваат кожата уште поосетлива. (или млекото за тело не чини) Обично по бањање ставав, и еднаш се брзав, лето беше, а кожата пресува, никогаш не била така. Но сепак не можам да одолеам на миризбата. Смирувачко е.
Обично во зима повеќе сакам и се мачкам со крема или лосион за тело (како и да се викаат) а во летен период сакам само купки. По незнам кој пат одам таму и ги помирисувам сите можни лосиони и креми. Бљак, зар некој го користи тоа и пак си одам кај детската козметика. Абе, убаво ми мириса, нежна е, поевтина е и пак си го земам овој комплет Ги користам веќе 1 год. а таман се решив да сменам нешто ама ништооо
Ај препорачајте ми некое лосионче, што убаво негува и има долготраен мирис, со прифатлива цена, не ми се трошат многу пари . Само нека не биди од Аvon и Оriflame.