Јас редовно си користам и досега не сум забележала симптоми на зависност на кожата од лосиони и креми ,така да мислам дека немаш причина да се грижиш-слободно и без страв користи ги,ако ги сакаш.
Целта на лосионите и кремовите за тело е да ја негуваат кожата , па така без гаље Јас после туширање секогаш се мачкам со некое млеко за тело или лосион уште поубаво се чувствувам после ... а обожавам да користам различни па еден период имав еден куп лосиони за тело мислам само тоа купував
Јас си го користам млекото за тело на Бекутан и секогаш си мирисам како бебуш. Многу ми се убви сите производи на Бекутан. Истотака задоволна сум, еднаш го имам користено млекото за тело на Кајли Миног.
Користам лосион за тело на Нивеа а сега си купив и путер за тело од кокос. Неможам да издржам без лосион после бањање се осеќам како шугава. Како ќе ти се навикне кожата? Па тие ја негуваат не и прават нешто лошо..
Искрено долго време барав таков лосион и неможев да најдам, па се определив на кремите од Авон, со мирис на млеко и мед и ми се допаѓаат. Порано користев со мирис на кокос , а сега трагам по карамелаа но некако не ми оди
Девојки,имате лосион со мирис на карамела,од Гурманд.Баш чисто на карамела мириса.Еве го и на слика да го видите,иначе би требало да го има во Рамстор маркетот,а во Јуник 100% го има,Веро центар(би требало) ..тие места ми текнува Само цената не ми текнува колку беше..ама мислам дека накај 200ден. е..незнам точно,проверете
Секако дека сум за лосиони и креми. Јас често користам. Најубав лосион ми е од Авон овој од повеќе причини... 400 мл е а е поефтин,има светки,и го имам земено баш најдобриот ист ваков ама со мирис на роза.
ЗА ЗА ЗА и ЗА! Како манијак сум бре, не можам и не можам да се заситам од лосиони. Еве го my new baby, ма не можам да му се нарадувам, а колку само најпрекрасно мириса, мх мх.
Задоволна сум од лосионите и креми од Авон. Последно ги земав лосионите со мирис на темјанушка и лубеница хидратантната крема со роза и праска и шејкот за тело од ванила Многу убаво мирисаат сите и ја прават кожата нежна, мазна и свиленкаста. Мирисот е долготраен, а и пакувањето е големо
Пре една недела си го купив и можам да кажам дека ниеден лосион не ми ја прави кожата толку нежна и мека како овој и ниеден ми ни ја одржува толку време хидратантна како овој и тоа за нешто повеќе од 80 денари
^^ лосионов за тело со мед и млеко од авон е прекрасен ти го препорачувам.. јас го имам и гелот за туширање и спрејчето, сите преубаво мирисаат инаку во тековниот каталог комплет од сите три е 319