Без лосион или крем за тело не можам да се замислам, особено после секое туширање. Сите тие препарати ја потхрануваат кожата и останува мазна и мека (звучам како топ шоп реклама ), па затоа и треба да се користат. Во последно време станав опседната со тоа се да ми биде на место, со тие креми, лосиони и сл, ама подобро тоа отколку воопшто да не употребувам.
Добив на подарок лосион за тело (од Америка ми го пратија) и преубав ми е , а покрај тоа што преубаво мириса и многу драг поклон ми е па ми е жал да го трошам по многу
од каде го купи овој лосион, бидејќи подолго време ги барам...посебно путерите за тело, мирисаат незаменливо..........
Девојки кој лосион за тело СО СВЕТКИ би ми го препорачале? Само да не е Авон/Орифлејм бидејќи немам од каде да нарачам Значи за матура ми е, сакам да сјае долго, и светките да ги има, бидејќи нема да носам холахопки!
Иако е млеко за после сончање, јас ти го препорачувам ова: Јас го користам во текот на целата година, има преубав мирис, кожата ја прави мека, а светките се суптилни ама даваат неверојатен сјај. Го има во поголемиве маркети сигурно.
300 и нешто денари мислам дека беше, немам купено во скоро време, ама повеќе од 300 не би требало да е.
Моето откритие на векот. Покрај тоа што одлично си ја врши работата за кожата на телото, супер ми е дури и за вадење шминка и ми се допаѓа таквиот неутрален, ненападен мирис.
Пред 2-3 дена си купив путер BeCool Vanilla, прекрасен мирис и што е најважно долго трае Колку од прилика чини лосион за тело (третиот) ?
Го купив овој пред некој ден, ми требаше некој со суптилни светки.. И не само тоа, туку прекрасно мириса, свежо. Мене ме асоцира на јоргован.
Не сум против но и не ги сакам баш ... Го сакам само тој од авон што е со светки и го користам за викенди кога ке излегувам
Наставничката (по Биологија) уште од основно не учеше дека нај битно нешто после капење е да се намачка кожата со некој крем поради сапунот. Така да тоа ми влезе во глава уште од тогаш. Инаку ги користам лосионите од Авон. Имам еден посебен за сува кожа и други со различни мириси (бадеми, калинки) ама овие миризливите нај често кога излегувам надвор, на факс....а другиов секојдневно.
Тoa e донекаде вистинито но секогаш од задната страна на сите креми има состав, прочитај го:доколку некоја од состојките не ти е позната нема потреба ни да се проба, доколку има масла од лаванда, бадеми, чајно дрво единствено што може да направи е нега и смирување на иритации еве ја мојата омилена крема http://mk.lush.eu/shop/product/product/ ... 62/id/288/ТЕЛО-Креми-за-тело-dream-cream
Не можам да замислам да излезам од туширање и да не се намачкам со млеко за тело. Кожата ми е некако сува и како да ме тегне ( ваљда се разбираме ) Инаку скоро секогаш купувам различно кога ќе ми се потроши старото, сакам да си ги менувам. Сега го имам ова на Нивеа, ама при крај ми е , па препорачајте ми некое за сува кожа со цветен мирис за летово
Не знам точно колку беше, да не те излажам, некаде околу 240 така нешто. А мирисот трае, но не се чувствува којзнае колку бидејќи е нежен,ненападен.
Јас го препорачувам ова млеко за тело после секое туширање, не мирииса којзнае што, но кожата ја прави фантастична. Мене ми е слично со нивеа лосионите, а е многу поевтино, околу 100 ден. А за вечерни излегувања ставам од кремите за тело на орифлеим, мирисот трае многу долго.
Јас овој го купив вчера баш убаво мириса првиот пола-саат време. Ама некако ко да не ми е многу хидратантен.. Малку ми е криво што не си купив од тој на Гош (150 мл) со сличен мирис.. така летен имаше и тој. Нареден пат Инаку заљубена сум во Бекутан млекото за тело, совршено ми одговара и таман ми е хидратантно, можда и поради тоа ова новово не ми изгледа доволно навлажнувачко
Го има некој користено ова? Задоволни сте? И дали е добар мирисот? Иначе, сега си го користам Becutan преубаво мириса