очи истерав денес барајќи го ,и ништо.и викам на продавачката дај ми млеко за тело со светки,што и да е и еве што добив....НЕМА ЕДНА ЕДИНСТВЕНА СВЕТКА ВО НЕГО....ЗА ЏАБЕ ПАРИТЕ!!!! ГО КОРИСТИ НЕКОЈ ДА МУ ГО ШИТНАМ???
Без лосион и креми за тело неможам секогаш послем туширање ставам, летно време некое време лосионот ми стои во фрижидер и кога се мачкам онака ладен ефект абе мерцаци инаку имам мн лосиони пробувано сега за сега најубав ми е dove од краставица
Феминки како сте задоволни од Елдена млекото за тело? Го видов скоро и беше по ептен прифатлива цена, се мислев дали да го купам, па си реков прво да прашам за искуства. Видов еден во темно сино пакување и еден во бело со зелено капаче. Кој е подобар според вас? Инаку имам релативно сува кожа на телото.
^ И двата ќе ти бидат добри, без разлика на тоа што плавиот е за сува кожа, а тој со зелено капаче за нормална. И двата ги имам користено, моментално останав на тој со зелено капаче и презадоволна сум. Доволно се хидратантни и ќе немаш проблем со затегната кожа, така да кој ќе ти се допадне повеќе така на прв поглед, слободно земи си го. Мене ми е сенаменски - го користам за целото тело, па дури и за вадење шминка. Одличен е.
Го купив новиот лосион за тело фа спорт мирисот е многу убав свеж нежен барав дав тој фреш што е неможев да го најдам го има некој користено да ми каже дали е убав
Случајно го земав од Космо,пишуваше дека е за екстремно сува кожа и ми се допадна и мирисот а и цената од околу 160 денари. Решив да го пробам од причина што ми требаше нешто што ќе ја хидратизира мојата пресончана кожа на која се појавија акни од сонцето, а не можев да ставам павловичева бидејќи ми беше смачено да чекам толку долго да се впие на жештиниве. Кремата ми ја исчисти кожата скроз и и` даде влажност па повеќе не изгледа пресушено. Ептен сум задоволна, ќе ја купам пак.
По препорака на sesilija, го земав кремчево од Космо, го начекав на попуст, го зедов од кокос,многу ми се допадна мирисот а и цената од 133 денари. Презадоволна сум, цела соба мириса, а и мирис трае долго, за парите е супер. :up:
јас сум за креми за тело... http://www.britstore.co.uk/phpThumb.php ... =200&h=200 http://www.fairness.it/images/foto_prod ... iccola.jpg
Крејзи, јас веќе имав заборавено на него- лани бев во таа фаза, ама може пак да си го земам сега кога ме потсети Инаку за сите оние кои користат бебешки лосиони, има акција во Космо
Моето најново, од Gosh, од портокал... Ги обожавам овие лосиони,сега планирам да ги земам сите мириси,затоа што сите до еден се прекрасни. А и ми одговараат на кожава најмногу од сите,лесни се,воопшто не се мрсни и мирисот трае.
Денес го купив млекото за тело на Елдена, прекрасен мирис има Ме потсеќа на мирисот на оваа млеко од Нивеа, можеби и грешам одамна го немам користено, па подзаборавен ми е мирисот
JAС ЈАС ЈАС Одличен е, брзо се впива во кожата и ја прави пренежна, мека, мирисот е неутрален.. мене многу ми се допаѓа Е сега тоа што пишува дека ја затегнува кожата, јас не верувам во тоа.. а и мал период го користам така да не знам за тоа да одговорам