Jas momentalno go koristam EUCERIN i mnogu e ubavo, tolku ubava i nezna ja pravi kozava,toa cudo Preubavo e.
Задоволна сум од Be cool лосионот за тело, околу 100тина денари и супер е Сега ќе пробам некој друг мирис
да имаат иста функција но текстурата е различна, путерот е најмрсен и најгуст, па млеко/ крем за тело, па лосионот. Лосионот најбргу се впива од сите, јас го користам во лето, путер не сум користела и незнам каков ефект има ама сигурно е истиот како кај лосионот и други слични продукти.
Веќе 2 месеци го користам овој лосион, многу сум задоволна. Имам сува кожа и дури ми се лупи на делот кај половината каде што стега ластикот од гаќичките и овој лосион го поправи тоа. Не е мрсен а супер ја хидратира кожата, не остава траги и веднаш се упива, а после тоа кожата е цел ден мазна и хидратирана. Ми го спречи и лупењето на кожата. Има благ нежен мирис на крема што могу ми се допаѓа, мразам лосиони кои мирисаат јако и на овошја или цвеќиња. Го препорачувам.
Путерот за тело од маслиново масло од АВОН е прекрасен , има многу нежен мирис и многу ми ја омекнува сувата кожа. Го препорачувам!
Ова од авон не сум го пробала но љубител сум на таквиот мирис, треба да е убаво. Го користам џонсон... прекраснотии, толку мека кожата ниту еден друг лосион не ми ја правел, а како мириса.... го препорачуваммм!
Сето ова е супер и мирисот и нежноста на кожата ( но најчесто сите ние ја имаме и без тие креми ), но дали знаете колку шеќери внесуваме преку нив.Најчесто нели ги нанесуваме после туширање, и таман порите се отворени и кога ќе ставиме и пола тон од млекото или лосионот и после тоа полни сме со шеќери. Исто како да сме изеле многу слатки. Исто !
А замисли кога правиме пилинг со шеќер Јас се чудам зошто се дебелеам, оно од лосионите за тело да ти било
Скоро го купив Елдена млекото за тело за сува кожа и навистина е добро. За таа цена квалитетот е одличен, убаво мириса и кожата е мека.
Санфемина, саркастична бев, пошто ова што го пишало девојчето нема логика. Ако беше така до сега ќе имав дијабетис и ќе бев 100кг од толку мачкање.
Не, не си во право за ова погоре напишаното Прво не е точно дека на тој начин внесуваме шеќери во организмот. Напротив, кремите и лосионите за тело се препорачуваат и од дерматолзи бидејќи тие ја хидратизираат кожата а тоа е најпотребно после капење кога кожата најмногу се суши. Доколку кожата е сува тоа значи дека е подложна на пукање, стареење и создавање на кожни недостатоци (имам слушнато дека лицата со сува кожа имаат повеќе брчки и побрзо старееле од лицата со мрсна кожа-ова незнам колку е точно ) Затоа, се препорачува овие креми да се користат по капење кога порите се отворени и полесно ја впиваат кремата а со тоа и ја хидратизираат кожата. И не е точно дека кожата е иста и без употреба на креми за тело. Е сега друго прашање е изборот на крема