Јас долго време ги користам производите на планет спа од Авон и сум презадоволна. Ја прават кожата мека, многу убаво мирисаат и долго траат. Сега ја земав и маската за коса и преубава ми е
Дефинитивно ЗА!Нема ништо поубаво од тоа после капење да се намачкаш со крема/лосион и после некое време кожата да ти биде мека како свила.Немам лоши зборови за ниедна крема или лосион до сега,сите биле со ист ефект и ништо ново што ги издвојува од другите,освен мирисот можеби.Имам користено на Орифлејм,Нивеа,Дав и рандом други фирми ама секогаш се враќам на Нивеа - пристапна цена и добар квалитет.
Ги има некој пробано новите лосион и млеко за тело на Нивеа?Имаат нова формула што се активира во допир со вода,се нанесуваат после гел за туширање и се се измиваат. Супер се за луѓе како мене што ги мрзи да се мачкаат со креми за тело и лосиони од после и да чекаат да се впијат за да не се направат мрсни дамки на облеката. Знае некој која цена се?И како ефект даваат?Дали доволно ја хидратираат кожата? Редактирам ,да ве прашам дали и други брендови имаат вакви слични производи?Lush чинам имаше нешто слично?
Имаат и Fa колку што видов по рекламите на Фокс чинам, ама какви се и дали се донесени кај нас - уште не знам. А и овие од Nivea ми се сомнителни, некако не ми е баш веродостојно дека би ја хидратирале кожата така како лосионот, ама баш ме интересира. Нека каже некоја која веќе купила, ако има таква која ќе се прелаже прва.
За ! После туширање да си ставиш лосионче мхм мекичка кожата и убаво мирисаат . Моментално користам од Авон ..повеќе користев порано млеко бекутан.
даа и тоа како дааа преубаво мирисааат и ја прават кожата нежна http://www.seventeencosmetics.com/en/fr ... body_silk/ јас си ги користам овие на севентин, многу се убави, мирисот им трае, и остаават многу нежни светки
Оооо, за, и тоа големо. Додуше, мене не ми е за хидратација, него така да се шљакам, убаво да мирисам. Прво, користев едно млеко од Genera, мирисаше обично на помада, и ич не ми беше мерак да се мачкам, абе може една година се мачкав со него, и ми се здосади си купив од Balea од мед и млеко.Е ова го истрошив за два месеца, а 400 мл беше, да го пиев подолго ќе ми траеше , и морав да го дотрошам тоа на помада што мирисаше. Пред некое време си купив Felce Azzurra, е ова млеково сериозно нема крај а ептен убаво мириса и јако, секој ден со тоа се шљакам, и братучедка ми се шљакаше, и сестра ми и уште има, никако да се дотроши, а има и некој витамин Ф, и за некое чудо ич не се лупев на одмор коа бев. Е сега додека ми е при крај ова си купив завчера едно од Balea: Леле, толку убаво мириса чудово, некоја мешавина на чоколадо, карамела и кокос, мислам дека ќе се бањам во него, од кога ќе ја завршам на Felce креметинава.
Мона не е е лепливо ова Купив летово исто Балеа Манго се истуширав,се нашлакав, излегов и другарка ми ми вика што ти се лепливи рацето го фрлив.Среќа што никој друг не ме допре
Женски предлог лосион или крем за тело што мириса на ванила или макадемија ама да има долготраен мирис.. Си купив од h&m ексфолирачки гел за туширање со макадемија и ванила и мириса преубаво но не е толку долготраен мирисот.. Па предлог некој лосион или крема што има долготраен мирис на ванила или макадемија?
Дефинитивно ЗА! Обавезно после туширање нанесувам од млеката за тело најчесто од Авон, тоа со мирис на калинка го обожавам, или пак од бебешкото уље Џонсон, па за да не лепам многу врз него нанесувам бебешка пудра Бекутан, а на зима секако млекото Елдена кое е одлично за тој период. Неможам а да не се грижам за своето тело.
Еве ти како порачан, вчера купував од Алдо Вандини па баш забележав дека имаат макадемија и ванила. Околу 300 денари се, имаш и гел за туширање и пилинг и путер за тело. Јас земав од линијата Spirit of India бидејќи обожавам зачинети мириси, мириса многу јако, зачинето, влегува во нос... земав од гелот за туширање и маслото, ќе ги пофалам во наредна прилика. Маслото е измислено за еротски масажи Да де, содржи ѓумбир.
Ааа туку дали ќе ги најдам во мојот град овие уфф а инаку покрај мирисот како стојат со хидратацијата и омекнувањето на кожата? Бидејчи цената не им не ни многу ефтина па би требало да хидрираат и да омекнуваат нели?
Јас сум тотален фрик по лосиони и креми за тело, купувам ги користам недела две и брзо ми здосадуваат и затоа нон стоп ги менувам Моментално ги користам од Авон кремата од црешов цвет, лосионот со светки на Скин со софт, и лосионот од темјанушка. Омилена крема/лосион сеуште си немам најдено.. Инаку искрено најповеќе ги сакам тие бебешките од Џонсонс, најнежни ми се и најубаво ми мирисаат.. Инаку во план сум да ги пробам Викторија Сикрет.. ама некако многу скапи ми се гледат како за креми а како што ги менувам често ќе ми останат така