Кај мене дури и комплетно се менуваше мирисната нота. Јас го имав тој од ванила лосионот и путер за тело мислам дека беше од лимон.Путерот веднаш го испратив во канта а со лосионот мачкам раце колку да го потрошам.Го влечкам една година веќе.
Nivea Happy Time Body Lotion - Лесно се нансеува и размачкува - Се упива за 3-5 минути на мојата нормална кожа - Текстурата му е средно густа, мене ми е нешто измеѓу лусион и млеко за тело - Одлично хидрира и подхранува дури и оние делови на телото како лактите и колената кај што ми е кожата посува, ептен ја омекнува кожата. Обичо ова неможам да го постигнам со секој лусион на деловите со посува кожа. - Ефектот не е 24 часа, кај мене е 10 часа чувство на мека и свиленкаста кожа, ко штотуку да сум се намачкала со лусионот што е навистина супер. - Воопшто не лепи и не остава мрснотија дури и ако се случи да шлапнам малку повеќе од што треба. - Мирисот, ништо посебно, дури не ми се свиѓа, ми мириса некако блуткаво али за среќа е пренежен па нема ни некоја аура да се осеќа. Трае негде околу 1 час. Искрено очекував некој весел мирис да распали на свеж сочен портокал со обзир на името и сликата на опаковката ама ништо од тој весел мирис. - Цена 218 ден. за 250ml од ДМ, мислам дека е на попуст ако не се лажам. - Моја оцена 4,5 од 5 само ради мирисот. Совршено ми ја негува мојата нормална кожа со некои тук там суви делови. :up:
Мишела во Рамстор маркетот во Капитол пред недела дена го видов некој денар певтино од КАМ, ама па пред некој ден видов и дека КАМ го ставиле исто некој денар на попуст. Како и да е во некои од нив е најефтин па ако ти се наоѓаат во близина и двата маркета види.
Јас го имам лосионот на авон од црешов цвет шо е и убав е ја праве мека кожата хидрирана има да го користам два три месеца 200 мл е иначе.
Јас моментално ги користам овие: - овој од Алкалоид случајно го земав, има благ мирис на бадем и е со бадемово млеко, хидратација супер за мојата сува кожа..е сега прочитав дека содржи парабен па незнам што да му правам не ми се фрла цело е А за во лето и потоплите денови го користам овој на Антонио Бандерас..милина..прекрасно мириса исто како парфемот што е во сетот (мајка ми ми го купи овој сет пред свадбата) ми е жал на секоја потрошена капка има нежни скоро неприметливи светки. Инаку до сега сум користена секакви лосиони, а за мојава сува кожа до сега најдобро се покажал Елдена секако и Еуцерин.
Јас најмногу користам бебешки производи за тело. Моментално го користам HiPP milk lotion sensitiv и преубава ја прави кожата. Го купив од Тинекс 350 ml за околу 170 денари.
Имам пресува кожа,користев неколку млека за тело од авон и фелче азура,од нивеа но најдобро е на нивеа млекото за многу сува кожа ,very dry skin пишува и не би го менала за ништо,посебно во комбинација со геловите на нивеа.сум пробала и поскапи млека меѓутоа најдобро ми е. земам од 400 мл поефтино е така. најефтини се во зегин но често можете да ги најдете на намаление по маркетите, тогаш се околу 270 а иначе вака во зегин се најефтини по 320
Јас го користам на авон од какао кремата за тело, кожата после тоа ми е мазна и убаво мириса, цела облека ми мириса на чоколадо. Незаменливо ми е.
Дефинитивно за, скоро секогаш после туширање. Моментално користам путер за тело пд карите од the body shop и преубава ја прави кожата, плус преубаво мириса, милина навечер пред спиење.
Само пофални зборови за лусионот за тело од Авон од мед и матична млеч. Скептична го порачав само заради ефтината цена која ја имаше во тековниот каталог и поради претходно искуство со мирисот на кремот за раце од истиве состојки кои ме пленија. Имам само позитивни работи за пишување. Како што напоменав пристојна цена за 400 мл, прекрасен мирис, хидратација перфектна, лесно се впива и не остава траги на облеката, мисиот трае и до 3 часа, кожата е мека. Одлилен се на се.
Многу креми и лосиони имам пробано но нивеата ми е секогаш на прво место.Послем туш обавезно се мачкам и веднаш има разлика,и омекнува и преубаво мириса на чисто,свежо и убаво
моментално користам на lush од ванила, подарок ми е од дечкото, па ајде да го пробам, инаку користев Garnier, http://www.garnier.co.uk/~/media/ga...ands_bodyrepair/prod-p22001-big.ashx?la=en-GB и бешее прекрасеееен
, @eloves , јас го имам користено Фем, прекрасен е! Похидратантен лосион во живот немам користено но мирисот не му трае ни 5 секунди-истa ситуација како со парфемот