Девојчиња,препорачајте ми некое млеко/лосион/путер за тело што не е тешко и лепливо,а да биде наменето за сува кожа. Имам стварно многу сува кожа и не можам да не се намачкам,ама овој лосион на Dove што го користам сега ми е многу тежок за овој период од годината.
Пробај го на Нивеа лосионот за многу сува кожа. Јас го користев прекрасен е веднаш се впива и преубаво мириса.
Каде можам да ги најдам овие бебешкиве на џонсон во Скопје? И дали има некое со мирис на кокос или ванила?
Што ли не сум пробала се , а сега најзадоволна сум од маста од невен.ПОсле туширање на влажн кожа се намачкувам и кожата ми е прекрасна ,мека , хидратирана .
Обавезно користам..Убави ми се овие следните-Гарниер од манго,Dear Body (исто и овој е многу убав лосион,сега се сетив на него).Го има во Космо,често е на попуст,колку што имам забележано досега. Имам користено и други марки-фрутини(за жал многу грд мирис остава на облеката,го имам користено од лубеница,мирисот е како на детска мастика и ја правеше кожата баш мека и мазна,ама дека му се менува мирисот,се сомневам дека ќе купам пак,можеби ќе му дадам шанса пак на тие од манго,цреша,киви.... Од креми омилена ми е мелем . Го имав пакувањето од 35 милилитри,ми траеше околу два месеци,можеби малку повеќе од два,но го користев само за нозете.Баш оставаше убав ефект,ниту лепи,ниту остава мрсен слој,плус хидратацијата му трае долго.И плус ми се допадна што нема мирис,не сакам многу јаки мириси. Нивеата и путерите за тело на фрутини не ми се нешто посебни,ама би ги купила повторно колку да ,,одморам'' од овие што ги користам често.
Лосион за тело со мирис на ванила што му трае долго мирисот? Или евентуално кокос. Само да не е од Авон или Орифлеим.
Balea кремата за тело ако не си ја пробала. Мирисот е измешан - ванила со кокос, токму каков што и бараш. Баш е летен, мене ми се допаѓа.