Имаше неколку видови од Oma gertrude, сите со различни мириси веројатно, разгледај низ Космо и избери си
Предлог заза добар хидратантен лосион за тело? Кожата после бањање ми е ептен сува и чеша неподносливо, а мислам дека немам алергија.
Препорачајте некој лосион за тело и спреј што има убав траен на телото мирис. Само не од Авон цветните и овошни воопшто не се осеќат и Балеа имаше едни такви цветни и овошни без врска. Може во стилот на Seventeen нешто, ама да не се скапи многу со попристапна цена
Дојдов да го испофалам чудово. Го земав од ДМ на зафрканција со оглед на цената, и не очекував буквално ништо. Се заљубив првенствено во мирисот, ако ништо повеќе барем ќе си го душкам по дома Но, после првото нанесување мојата реакција беше Имам сува кожа и осетлива кожа која што после туширање, особено во зимскиот период е неопходно да се нанесе лосион за тело. Тој проблем зимоска го средував со кокосово масло. Но, решив да му дадам шанса на лосионов. Во врска со стуруктурата не е многу течна, ниту пак премногу густа, но тешко се размачкува.... ама лесно се впива во кожата. И ја омекнува. Мирисот интензивно му се чуствува и после 3 часа од нанесувањето. За неверојатни 100 денари, добивате одличен производ. Препорачувам на сите што си сакате вакви егзотични мириси Предходно, му дадов шанса на лосионот од кокос на Авон. Мирисот му е онака , солиден. Но, не одговараше за мојата кожа. Освен што мириса добро, воопшто не ја омекнува кожата, а дополнително ми ствараше и иритација на истата. Имам проблематична кожа, па може е до тоа...навистина не знам. Кога сме веќе кај Авон, исто така сум премногу задоволна од новиот лосион Има типичен пролетно- летен мирис кој што долго се задржува на телото и омекнува. Си ја врши работата како што треба. Во однос на трајноста мислам дека е во ред цената, исто така, далеку е поквалитетен и потраен во споредба со некои парфеми од Авон. Ги препорачувам и двата.
Лосион за тело со висок сјај? Сакам баш glowy да биде. Го имам спрејот на Балеа со златни светки, но не е тоа тоа. Течноста се впива (дел и како да испарува) и остануваат неколку светки.
Ох леле а баш планирав него да го купам.. Инаку и јас цел живот сум во потрага по лосион со златни светки кои навистина ќе останат и ќе се познаваат така да ако некој знае плис нека ни помогне Иначе имам загледано од golden rose, едниот е баш со златни светки а другиот како кафено бронзени али не сум зела, искуство дали има некој со нив
Да не те збунам го имам стариот спреј на Балеа, сега овој им е нив, не сум го пробала. Сакав чисто за споредба да пишам каков барам. Тие на ГР некако многу мало ми изгледаше пакувањето, како крема за раце.
на авон имаше јас од таму редовно си земав. Не сум проверила сега да видам а баш и јас помислував да си набавам некаков,нели сезона им е
Изгледа ќе земам од тие на гр да пробам ако не испадне друга варијанта па ќе ти кажам какви се во меѓувреме ако најдиш нешто кажи
Млекото има поголем процент на масла, а лосионот поголем процент на вода. Млекото е за посува кожа. Но некогаш зависи и од самиот бренд. Би ти ги препорачала млеката и кремите на Дав, го имаат оној мирис како сапуните.
Веќе некое време бев во потрага по добар крем, лосион или млеко за тело. Значи, не ми беше битно да е скап или да е некој не знам каков бренд, ниту барав да мириса нешто wow, туку да е навистина добар и полезен за кожата т.е. што ќе има добри, состојки. Неодамна открив една страница на која го пишуваш производот и ти ги покажува сите негови состојки и која е нивната намена во производот (пример дали е растворувач, контролер на вискозност, мирис, антиоксиданс, навлажнувач, антиалергенс и слично), потоа покажува за секоја состојка колку е иритирачка или може да создаде акни. И на крај покажува колку е безбедна секоја од состојките на скала од 0 до 10. Првата состојка е онаа која што е застапена најмногу во производот, а последната-најмалку. Страницата е: www.cosdna.com (како демек дна на козметиката) Вчера бев во Дм и ги проверував сите креми, лосиони и млека за тело преку страницата. Верувајте едвај си најдов еден лосион за тело. Го одбрав лосионот на Revuele, од линијата хидралифт, со хијалуронска киселина. Од сите што ги имаше во Дм, според страницата, овој беше со најдобри состојки. Го купив, изгледа вака Си дојдов дома и почнав да пребарувам за него по нет, да видам што кажуваат луѓето што го користеле. Наидов на српски форуми во кои го фалат премногу не само овој лосион туку и општо цела нивна козметика за нега на кожа. Го пробав. Ми се допадна. Од едно нанесување сум воодушевена. Навистина ја прави кожата мека, мазна, веднаш се упива, лесен е, не е мрсен и ја хидратира кожата, совршен за во лето. Ми се допаѓа тоа што е со пумпица. Мирисот не е ништо посебно, меѓутоа не мириса ни лошо - на класично кремче. Еве што кажува страницата за него Излезе ефективно купувањето со помош на страницата. Топло ви ги препорачувам и лосиончето и страницата