Не знам до кој степен ти е сува но еве од мене совет: не се туширај со многу врела вода; после туширање остави кожата природно да ја впие водата или додека е влажана нанеси масло за тело (кокосово); користи комбинирани производи (да содржат хидратација и масло); обиди се со Неутрогена производи за тело (имаат линија посебно за сува кожа).... Повели неколку средства:
Дали овие лосиони ги има се уште во дм? Или да ми препорачате некој со летен мирис од Алверде доколку има
Со крајот на месецов се во ДМ лосион плус гел за туширање 279 ден. Само лосионот не знам која цена е бидејќи јас вака ги купувам секогаш.
Второто на Џонсон го користам редовно и не го менувам за ниеден друг лосион. Од истата линија и маслото го користам. Ја омекнува и совршено ја хидрира и подмладува кожата. Го користам маслото и за антицелулитна масажа. Квалитет! Преубаво мириса и трае лосионот и си ја врши работата скроз. Камо да имаше и парфем со тој мирис. *пс: Имаа и лосион(или млеко) за тело во бело шише. Незнам која беше разликата ама и од двата сум пре пре презадоволна! Малку се скапи ама се исплаќа секој денар. Овој мирис трае со часови, како да имаш ставено скап парфем од чоколадо. И совршено ја омекнува и измазнува кожата.
Потполно се согласувам за лосионот од Џонсон. Полн погодок е за хидратација на кожата во секоја сеона. Не би го заменила со друг производ. Маслото не сум го користела. Но по твоето споделено искуство ќе го ставам на листа, искуство од нов продукт.
Не знам дали е соодветна оваа тема, ова на Катрис многу ми се допаѓа, нешто како масло за тело со светки. Вчера пробав тестер и цел ден ми стоеше, дури и мирисот се задржи до крај. Го порачав веднаш, идеално е за во лето Топла препорака
Ве молам да ми предложите некое убаво лосионче за после бањање, значи да мириса и по неколку часа откако ќе го нанесам, ќе барам денес во дм, бидејќи се што сум нашла до сега било краткотрајно. Фала ви однапред!
Yves Rocher, od miris, do tekstura, najdobar! Ja pravi premnogu nezna kozata, hidrira, a ne e masen, i sto mi mene barem najvazno za letno vreme, ne me poti