Не знам колку ќе се гледа сликава, ама јас бев презадоволна од овој лосион за тело со мирис на лаванда. Имаше гел за туширање и лосион, двата беа одлични. Лосионот е малку погуст, но лесно се мачка и не остава леплив слој. Ако не ти се свиѓа мирисот на лаванда не знам дали би ти се допаднал, но многу убаво ми мирисаше мене. Сега можно е да има ново пакување, одамна не сум го купила. Ако не ти се свиѓа тој, види го другиот со бадем. И тој е убав. Moментално го имам овој со рози. Нежен ми е, убаво хидрира, но ако некој не го сака тој мирис на ружи не верувам дека би му се допаднал. Јас сум хардкор фан на колекцијава од Алверде, сè си собрав и за лице и за тело што мириса на рози.
Многу ми се свиѓаше колекцијата од рози, ја користев дневната крема, тоникот и спрејот за лице од таа колекција долго време, но и овој од лаванда мислам дека ќе ми се свиѓа. Фала ти, ќе ги разгледам деновиве.
Знам дека ти се погодија овие за лице @Dream-Girl, мислам дека и лосионот за тело ќе ти се свиѓа. Еве само имај на ум дека формулата е малку погуста кај лосиониве, но не е ништо страшно според мене. Лесно се размачкуваат по кожата. Се надевам ќе ти се допадне кој и да го купиш. Од Балеа јас со години го купувам тој лосион што мириса на кокос, одличен ми е, но мислам дека не ти беше баш нај па пробај ги овие од Алверде.
Здраво девојки, каде го наоѓате тоа од Џонсон, која му е цената отприлика и дали го бива за сува кожа?
Производи на Џонсон (лосион, масло) има во аптеките и маркетите по цена од 180-200 ден. Не знам дали се ефикасни за сува кожа.
Путерот со африкански шеа путер трае многу долгпо. Не знам дали има лосион од истата линија... Инаку можеш и од Дм да го пробаш од Maui со вулканска пепел и кокос црно пакување... Исто е траен ама е поскап од Авон путерот.
Дали некој има искуство со лосионите за тело на Афродита? Ми треба некој хидратантен лосион кој мириса убаво, мирисот да се чувствува и после неколку саати. Дали во аптеките ги има лосионите на Афродита?
Имаш и во east gate,не знам само на кој спрат,мислам трети..продаваат козметика и шминки...кармини,лакови,пудри..ја од таму мојот си го земав..само што не е физичка продавница. Леле навистина не можам да се сетам,може беше и втор спрат,ама како штанд... И овде ги имало лосионите на VS,само не знам сеуште дали ги имапровери си... https://www.facebook.com/106528394602243/posts/141083367813412/
Каде поточно, нема трети кат во Ист Гејт, има прв и втор кат, на вториот кат се киното, игротеката и фитнесот Ти благодарам на инфото
Mystic Argan само го имам користено има убав слаткаст специфичен мирис, ако сакаш похидратантен пробај го на Balea со уреа лосионот. Тој е посвеж/не толку слаткаст спрема тој на Афродита.