@Mishela, сакав да предложам: дали може да се смени насловот на темата - да се тргне тоа „за или против“? Некако смешно ми изгледа вака, како да зборуваме за вакцини .
Во ред, го сменив насловот. Меѓутоа, за да има смисла воведот вметнав анкета. Ајде кликајте, да не стои празна.
Би ве замолила да ми препорачате некоја убава крема за тело или лосион сеедно само да е убава да ми ја прави кожата убава нежна и да ја потхранува. Дали тие севентин со светки се убави?
Izvini mn docna ti vrakjam... Cosmo, Shatzi.. Za hidratacija ne. Mn se parfimirani i so samoto toa ja pravat kozata suva.. Jas go koristam samo za izleguvanje, zosto e so svetki i mn ubav sjaj dava. Najubavata hidratantna krema sto ja imam probano e na Yves Rocher, so pumpica. Za zal samo gi ima vo City mall
Од Balea кој лосион ви се свиѓа? Го имав зелениот од авокадо, убав ми беше, но сакам да си купам сега друг некој, ми здосадува исти производи да користам.
Второто на Џонсонс го користам долго време особено во лето, преубаво мириса нежно и свежо и мирисот стои долго. Не е многу густо да остава бело како на водена база е и лесно се размачкува. Дефинитино омилено од се што сум пробала. И розевото на Џонсонс е исто убаво само тоа е погусто.
@MayDiamonds ги купив и двете и некако тоа на Џонсон многу чуден мирис ми има лично мене и не би го купила повторно, а за хидратација океј е и се сложувам со тебе дека е лесно на кожа. И првото не е нешто wow. Долго време испробувам лосиони и креми за тело ама некако си го немам најдено holy grail кремот за мојата кожа.
Да и јас исто така. Речиси се што е достапно кај нас сум пробала и сеуште не сум пронашла некој да не го менувам за ништо. Лично мене овој cottontouch ми е еден од подобрите, на кожа ми мириса преубаво особено во лето како што реков свеж е. За во зима го користам на Dove со шеа путер и ванила тој е могу погуст и потежок, и мирисот стои долго само не сум некој голем фан на ваниласти мириси повеќе сакам чисти и свежи. На Зиаја goat milk е добар мириса чисто и убаво хидрира. Кога се мириси во прашање и нема некој избор, на Балеа и Алверде сум ги пробала повеќето искрено мене ми смрдат На Викториа Сикрет преубаво мирисаат ама хидратација нула и да не зборам колку тешко ми се размачкуваат и лепат
Предлог спреј или лосион со светки? Да нема многу алкохол, бидејќи имав еден спреј на Балеа што ми ја иритираше кожата и сигурна сум дека беше од алкохолот.
Сакав да си земам некој лосион со светки и на ум ми беше да купам некој од Seventeen, ама ми фати око ова од Алверде зашто имаше баш ниска цена, некои 150-160 денари, така нешто. Преубав е! Мирисот е овошен, сладок, летен и лесен. Фина е формулата, лесно се нанесува, веднаш се впива. Ефектот со светките е доста нежен, јас искрено сакав нешто повпечатливо, да не кажам понападно. Не е дека не се познава, баш напротив, ама ете си имав некоја фикс идеја во глава. Мислам дека тоа би се постигнало со лосионов плус спрејот за тело од истата линија. Ама немам нерви да се шлакам со сто работи, па се помирив и со ова што го добив само од лосионов. Не се губат веднаш светките сепак, си стојат. Ми се свиѓа ефектот. Еве предлог ако некоја сака некој low budget, но сосем солиден лосион за тело со светки. Ама спрејот ми остана на мисла, ќе морам да го земам некој следен пат. Ептен им се добри лимитираните работи на Алверде.