Во ДМ имам забележано еден со Овес жолто паковање и зелен мислам е со алое вера. Можно е во Зегин да има ама не сум побарала Дали некој го има пробано Dove Silky кремот за тело да сподели искуство?
Од ова и јас добив желба да го купам Колку долго стојат светските? До сега не сум земала вакво ама не мора баш ова, може и некое слично да земам. Наредно одење во ДМ
Прилично се трајни, до следно бањање си стојат. Не се толку интензивни можеби како веднаш после нанесување, ама си стојат и свети кожата.
Мене па seventeen ми е скоро полн, двс пати се направив. Светките се преубави ама толку ја суши кожата и изгледа лошо, како собирано. Тоа и ќе го издржев некако заради убавиот ефект, ама мирисот ми е толку одвратен и неподнослив. Можеби другите мириси се подобри, мојов е појак од парфем. Следно го земам тоа од @Mishela
Да го земеш овој од Алверде @naturally, мене навистина ми е погоден. А и нема утка со формулата на нивните лосиони за тело, никогаш не се случило кожата да ми биде сува. Штета ако Seventeen ја расипале формулата на лосионите, не памтам овој за светки дека бил таков порано, но со години го немам купено. Којзнае што смениле.
ако го начекам (а се надевам) и јас ќе си го земам. Во моментов го користам овој При крај ми е а предобар е. Лесна текстура одлична хидрарација. За лице и за тело е. Една пријателка ми го даде овој од балеа ама овој ми е некако густ и тешко се размачкува. А инаку ја омекнува кожата ама не сакак некои густи текстури на производи за тело
Јас го користев доста долго ама оној за многу сува кожа, мислам дека капачето му беше сино. Презадоволна сум, можеби и најдобар лосион за тело што сум го употребувала. Ми личеше поскап од други лосиони, ама реално долго го користев, а јас се мачкам скоро секој ден, така да и економично ми дојде.
Dali ste go probale eos vanilla cashmere losionot mi iskaca na tiktok i mn go falat deka ubavo mirisal
Предлог лосион за тело кој мириса на ванила или во комбинација со друг мирис, но да биде слатко и да се задржува мирисот. Го имав кремот за тело на Балеа, но чуден мирис имаше. Авон имаа порано убави, но не можам да нарачувам од таму.
Може слика од лосионот? Сакам и јас некој од ванила што убаво мириса. Го имам овој, но многу некако грд и неодреден мирис се чувствува откако ќе се нанесе, ми треба нешто поубаво.