Девојки препорачајте ми млеко за тело што е потрајно и интензивно, а не после 1 час да не се осеќа миризба
Имам пишувано наназад, Dove било кое, јас ги осеќам цел ден, особено тоа со кокос и тоа со ванила и шеа путер. Но кое и да го земиш мирисот трае.
За да биде поинтензивно треба и исти гел за туширање да користиш. Дефинитивно Rituals од многу испробани.
Некој имаше спомнато дека користи Еуцерин, јас го користам овај big boy, и едвај чекам да го потрошам искрено. Имам нормална кожа накај сува. Лани зимото го купив на попуст пошто имав ептен некои суви делови ама верувајте не е ни за сува кожа овај... За турбо сува е. Ако не се бањаш 3 дена, 3 дена кожата ќе ти биде хидрирана. Е сеа мојот главен проблем со ова е дека не се впива, ама имам седено цел саат гола и ништо, а некогаш нели ти се брза и немаш време да го чекаш. Значи, купете го само ако имате ептен сува кожа, пошто инаку ќе си имате ваков "проблем" ко мене.
Oвој на орифлејм,го земав сега скоро,многу нежно и пролетно мириса,плус и направен е со есенцијални масла,нешто преубаво.
Девојки ве молак предлог некој лосион или млеко што мириса како блек ап? Или нешто на ванила оли кокос и да имаат поголема трајност на мирисот? Обожавам некоја девојка кога ќе помине покрај мене и остава облак од тој мирис
Долго време барам лосион за тело кој остава барем некој час со мирис на тело после нанесување. Сакам да е нежен, не сакам тешки и благи мириси. Имате предлог за некој?
Не сум ги пробала, ама во план ми е да нарачам, немам искуство ама видов има и кокос и ванила лосиони од yves rocher. Сум слушала задоволни се од нивни производи.
Девојки да препорачате добар лосион за тело да ја хидрира добро кожата предходно користев Еуцерин со 10% Уреа ама сакам да сменам дали имате пробано од путерот на Weleda и дали вреди за парите?
Последно го користам путерот од Белина, банана сплит, баш убаво хидрира и до утредента ми е мека кожата. Од мене препорака
Девојки хелп. Порано имав нормална кожа на телото а сега ми е премногу сува, дури долу под колената ми се перута и како бели парки паѓаат кога ќе соблечам панталони. Сега гледам почна и по рацете а и на струкот. Имам пробано дав гел за туширање, дав сапун, балеа палмолајв ама со сите добивам ист ефект. Исто и со путер за тело или млеко за тело. Препорачајте ми комбинација на гел за туширање и нешто за после туширање, да е хидратантно ама да се упива зашто нели лето иде. Плус бремена сум па дополнително ќе ми се тегне кожата околу стомакот и ме фаќа паника морам да земам нешто. Во прилог каква ми е кожата и на дланките, значи сегде почнува. Ако не помогне ништо следно на дерматолог одам. Фала ви.
Маслената купка на Еуцерин. После неа користам или млеко од Еуцерин, путер од Лаш/The Body Shop, млеко од Лаш. Зависи какво ми е расположението.
Ова ти е егзема. Јас имам егзема и имав период кај што ми беа вакви рацете, а сега имам на препоните. Најдобро да одиш на кожен доктор, бидејќи за ова помага кортико за да исчезне и во меѓувреме користи го маслото на Биодерма. Исто така, дополнително можеш да ја земеш кремата за раце на Еуцерин атопиконтрол. Со оглед дека си бремена, мораш на доктор за да ти каже дали смееш уопште да користиш производи со кортико.