Овој гел ми мириса ептен чисто и свежо, можеш да го пробаш. Нежен е и убаво ја чисти кожата. А за млеко со таков мирис од тоа што сум читала најчесто го препорачуваат на Нивеа. Ама јас не сум го пробала па не можам да дадам лично искуство.
Мислам го нема ова кај нас. Во дм има 2-3 вида лосиони, а едно време имаше и во Зегин… ама масло не сум видел.
И претходно имам прашувано, некој лосион, крема за тело со светки? Да не е леплив и да не ја валка облеката, имате некој солиден?
јас пред некоја година земав на алверде ама беше лимит едишн. Прашај си во дм вработените ќе ти предложат
Ако идете накај Грција, лосионите на викторија сикрет на фри шоп ви се на акција, три за 44€, мислам дека може и со спреј да се искомбинира. Имаше доста избор.
Која е разликата меѓу овие две? Ја имам портокаловата ја користам после неколку дена од одмор ама пред неа секогаш ставам поголем фактор. Има ли некоја разлика од оваа во кафена кутија или џабе пари да не фрлам.
Предлог млеко за тело што мириса слатко, ванилесто, но да се задржува мирисот? Имам две недотрошени вакви и им се смени мирисот на двете. Не дека траеја претходно, но сега скроз им се промени мирисот.
Имаат нивна официјална страна, и во Виа фарм аптеки го има, види си каде ти одговара, имаат повеќе производи, ама лосионов од ванила е врв. https://bettina-barty.mk/
Да ми препорачате нешто за тело, после породување грбот, градите, бутовите ми се исфлекаа со бубулици . Ги има баш многу