Јас користам млеко за тело од КАМ - 500 ml, со месеци ми трае. Тешко е, да речам масно, бавно се упива ама мене ми е врв. Имам користено други прескапи производи и ова досега ми е најдобро.
Девојки, препорачајте ми некој добар лосион со мирис на ванила или комбинација ванила и кокос. Сакам да мириса како кремата на Балеа, ама да не биде толку многу мрсен зашто дефинитивно немам сува кожа.
Јас го користам овој со години, нема поубав мирис, и како ја омекнува кожата прекрасен е. Има и со кокос, во дм го купувам околу 200 и нешто денари е.
Фала женска. Користев од Афродита со ванила, преубаво мириса, на чиста ванила. И купката е многу убава. Не знам зашто не сум го приметила тој со кокос, ќе мора да го пробам.
И мене ме убедивте да го купам, хахаха. Таман ми треба нов. Се надевам дека нема да ме пречека празен рафт во ДМ. Често се случува "магично" да снема нешто што сме пофалиле овде низ темиве.
Еј не ми правете вака 5 години тековно го купувам немој да го снема Се шалам. Купувајте и споделувајте како ви се свиѓа, јас сум од мирисот воодушевена, дури некогаш мачкам по повеќе за до следно туширање да мирисам.
Баш убаво изгледа, каде го има? Не сум го сретнала до сега. Иначе, не знам дали е до мене али на ниеден лосион што сум го користела не му траел мирисот.
Го имаше во Шатци, мислам и Еликсир.. треба да ги има по парфимериите што држат општо Victoria’s Secret. Мирисот не е нешто екстремно долготраен, се осеќа блиску на кожа ама нема проекција.. Досега најдолготраен мирис ми се покажал на The body shop Shea путерот, тој мириса ванилесто, а имаат и еден Coconut, можиш да ги видиш и нив.. ама ако бараш комбинација овие се тоа
ДМ го има. Имаше уште еден или два други не се сеќавам. Јас го земав демек на смоква ќе мириса ама ми нема таков мирис туку баш слаткаст, на почеток како трафкаст кога го ставив на кожа си реков чист промашај, но после си премина во слаткаст но не премногу, туку таман.