Пред 5-6 години го имаше со пумпица, знам го имав купувано. Сега не се сеќавам дали го има во ДМ. Тогаш од таму го земав.
Фала ти, ќе го побарам. А вака впива брзо или? Ми треба некој да не е многу мрсен и да се размачкува полесно.
Не најдов тема па ќе прашам овде. Препорачајте некој спреј лосион што и да е за заштита од инсекти, комарци и сл. Само не Чико или Фризи, друго се е добредојдено. Аутан го гледав (тропикал верзијата) ама многу е малечко...
Добро утро на сите, не знам дали ја погодив темата, ако не нека се премести прашањето. Имено, доколку некој знае добра крема за изгорена кожа после сончање, веднаш што смирува нека пише Кисело млеко си е Кисело млеко, ама и крема некоја добра ме интересира Фала ви
@Dikinzi Јас ова од ДМ го земам последните 3 години, одлично е. Лади и преку ноќ ја смирува кожата, со дебел слој ќе се намачкам пред спиење ако имам некоја изгореница, до утредента болката е смирена. Ако има и друго некое поефикасно кажувајте, зошто секоја година изгорувам на некои делчиња што ќе ми останат ненамачкани.
Јас го користев одамна, последно го искористив летото 2020 и после тоа го немам видено никаде, исто така беше купен од ДМ. Ако го видете некаде споделете инфо, баш би ми значело, мирисот беше совршен воопшто не тежок мирис на кокос, туку понежен на монои, посебно затоа што го имам монои маслото со светки на yves rocher, мислам дека добро би се вклопиле заедно.
барај чист алое вера гел, досега ништо не ми помогнало како тоа, смирува до другиот ден веќе нема да имаш ништо.. има многу видови по аптеки гледај да е со ептен минимална формулација и да е 99% алое вера
Читав наназад во темата дека го фалите млекото за тело од грозје на Афродита, па го купив и јас но мене и не ми се погоди баш. Мирисот не е нешто интензивен и не се задржува на кожа а после кратко време го менува мирисот, а и не е хидратантен ( јас имам сува кожа). Имам млеко и од Дав но и тоа не е нешто посебно. На Нивеа се дефинитивно незаменливи.
Овој гел со алое вера е одличен поготово за после сончање и изгореници. И за лице и за тело можеш да го користиш.
Обожавам лосиони за тело. Постојано купувам различни. -Најубав со најтраен мирис ми е Seventeen виолетовиот. -yves rocher -Comme une evidence - убаво мириса и хидрира. -victoria's secret само убаво мириса, не би купувала пак. -Lush- имам пробано неколку, искрено за таа цена има подобри. -Uriage Xemose ми е врвен. Во зима го користам затоа што ми се суши кожата. -Fenjal има убав мирис и убаво хидрира, а доста прифатлива цена. -organic shop сум малку разочарана, очекував којзнае што ама просечни. сега имам многу отворени лосиони, пусто сите да ги испробам. Да потрошам нешто, па ќе купам Chanel, немам користено, ама ми предложи другарка, немало потреба од парфем, колку мирисало и траело. Веќе ти кажале другите, ама јас да су кажам, од Сити мол еднаш на штанд купив од Esoapery лосион со Алое вера. Сега се викаат Efi Natural, порачав онлајн друг лосион за хидратација. Убави се многу, поскапи, ама богат состав. Едино што не се јаки мирисите, јас сакам повеќе парфимирани, па и светки чуда.. овие се баш природни, па работа ептен вршат.
Предложете ми некој спреј за тело со интензивни светки да се познаваат и убаво да мириса. Од Дм купив еден убаво мириса и траен е ама светките слабо се познаваат
Не успеав да најдам таква тема, па ќе прашам овде. Ми требаат препораки за лосиони/спрејови за тело против комарци, само да не е Аутан. Последниот пат кога користев спреј имав реакција, не би се осмелила да купам пак.
Мене овие ми се имаат убаво покажано. Овој ми е број 1. Мирис траен, убав и доста светкав е. Во глобала, сите нивни производи ми се топ. Нормална цена и добар квалитет.
Од првите го имам златниот само послабо светките се познаваат а траен е и убаво мириса, а тој подолу овошен е?