Овој гледам го фалите дека бил добар, а цената му е доста поволна.И јас ќе го пробам Немора да значи дека само тоа што е скапо е убаво..баш напротив
јас па ако не се намаЧкам после бањање осекам кожата како да ме Чеса ми се Чини мене сува ми е па морам и на стапала обавезно вазелин ставам ако е потребно од спиење станувам немозам.. да заспијам
Ваква крема за тело од авон користам веќе две години и сум презадоволна. Многу нежно и убаво мириса, има гранули и го прави телото многу нежно и меко.
Зошто би била против кога толку убаво ми ја негува кожата и толку убаво мириса??! Еве, јас овој го кроситам. Токлку прекрасно мириса, што ми доаѓа понекогаш самата да се гризнам, или да трчам по праска. Многу убаво ја негува кожата, ја остава мазна и некако сјајна. Инаку го имам пробано млекото Елдена, еднаш мајка ми го купи. Густо е, и не е многу хидратантно, ама убаво е за сува кожа, баш погодно за зима.
Јас се навикнав на Бекутан млекото,некако најмногу ми одговара.Користам и Dove fresh со краставица,освежување феноменално,ама некако тоа е повеќе за потопли денови Елдена е навистина ефтина и доста густа ,јас ја користам само за нозете оти од колената до глуждовите имам ептен сува кожа и ова млеко ми е ептен погодено ,па и за стапалата. Ме зачуди што темава е отворена со прашање дали кожата се навикнува на нив (млека и лосиони).Сепак тоа им е намената,да делуваат делотворно на кожата,да ја хидратизираат итн.мислам дека нема никаква штета од нив.Јас искрено не можам да смислам после туширање да не ставам млекце,шубе ми е некако
Секогаш користам лосион после капење. Последно користев Нивеа хепи тајм т.е уште имам, сега дека зима кожата повеќе се суши и користам масло за тело од Орифлејм, а си ставам и пудра Џонсонс многу нежна ја прави кожата и мириса на бебе Старфиш на која фирма е овој лосион? Не сум го видела до сега.
Фирмата се вика Bath & Body works , а на паковката на лосионот пишува Sparkling Peach - body lotion. Не можам да објаснам колку неверојатно мириса. И каков ефект остава. Тука не сум го видела, не знам дали воопшто се увезува оваа козметика. Мене ми го носат од Холандија, и пишува цена тука 9.50 евра веројатно...
Ова е преубаво, го имам користено одамна и бев презадоволна.Кожата ти ја остава мека и мазна. Сега ги користам од АВОН лосионите за тело,бидејќи ми мирисаат убаво а и не се скапи па можам да си земам од сите Моментално фаворит ми е тоа со кокос и лимон.
Јас сум ЗА. Употребувам лосион за тело кој ми ја прави кожата мека и мириса мМммМмм иако мора да признаам дека не се мачкам зимно време многу многу бидејки ми е ладно..а летно обавезно, после секое бањање
секако дека користам лосион за тело моментално од felce azura розевиот а имам и од avon од цреши и се разбира бекутан незаменлив е
И јас сум ЗА. Иако зимно време понекогаш не ставам лосион за тело бидејќи ми е ладно Моментално имам 3 лосиони за тело од Авон но сега на ред е Нивеа, само да дојдам малку при пари
Ке користам и лосиони и путери и балсами додека сум млада, ем мека и мазна кожа, ем убаво ке мирисам. Ке ми дојде време, ке остарам, ни нова кожа не ке ме спасува! Ги користам овошните лосиони на Авон Натуралс, путерот за тело Авон Планет Спа и путерите на Фрутини.
Моментално го има од авон лосионот за тело од тајландски лотосов цвет од планет спа, многу убаво мириса, а структурата му е како шампа брзо се впива и хидратира.
Неможам да се замислам после туширање да не се намачкам со млеко за тело,се си мислам дека после ке ме чеша целото тело ако не ставам.Моментално го користам млекото за тело од Авон за затегнување на кожата,но планирам да го сменам со Бекутан бидејки го користам подолго време.
До сега незнам колку пари имам потрошено на лосиони и креми за тело Што да правам кога сум фанатик по козметика Сега го користам фрутини розев лосион-малина 500мг што е ама ептен освежува,па ми е ладно, ама ми ја хидрира кожата, а и сува кожа имам па супер е
се мислев и јас дали да земам од фрутини но бидејќи ги немав користено сакав да видам прво некој што ги користел дали е задоволен?