Бидејќи ме мрзи да одам до веце да видам како ми се викаше лосионот, нема да ве просветлам со неговото име, само знам дека мириса на ресана, од чоколадо и портокал е и мислам дека се маринирам во него. Инаку летно време најчесто го користам Dove еден бел со малку светлуцав ефект ( билобил ми треба, не памтам имиња).
За!!! Како си се научив после секое капење и туширање си се мачкам со лосион, сега не можам да замислам да не го направам тоа!!! Кожата ќе ми биде сува Во лето обавезно се мачкам со лосион или крем, особено после сончање!! Затоа како што не внимавам на сонце уште да не се мачкам секое лето ќе се лупам како лудаа. А вака ми е супер. И на лето обично барам лосиони кои имаат витамини и ја регенерираат кожата! А ако не, си ставам од моето кремче за лице од Нивеа (нз што би правела без таа крема). И да ви кажам летово го открив совршениот летен лосион. Dove fresh touch. Освен што е прекрасен, прекрасно мириса, кога го ставате ја лади кожата, ама онака ставрно лади Преубав е за лето хаха А во зима исто обавезно користам лосион за тело од причина што кожата во зима ми е посува и осеќам потреба да користам таков производ! Во секој случај едно гоолемо ДА за кремите и лосионите за тело!
Mама ми имаше пуштено два лосиони за тело,од авон.Hа нив пишува avon care eдниот е од алги,другиот од кокос нешто многу ми се допагаат и прекрасно мирисаат
Обавезно Не можем без нив... обично користам на dove,а секојдневно си ги ставам на бекутан и многу убава ми ја прават кожата мека... Сега купив лосион на gosh- класик. Може некој да ми каже дали е добар
E гарниер крема 200мл е 99 денари во Tинекс и ја купив сега на мајка ми за 8ми март знам дека е скромно поклончево, ама ајде! убава е убаво мирише
Еве јас го користев пред 2-3 години,и мириса многу убаво на бадеми Со мешавина од некој цвет ке ти се допадне
хмм ок ајде ке го пробам, само кажи ми каде се наога кам маркет, јас знам имаше едно порано кај буњаковец пазар4ето ама сега мислам дека тинекс отворија на неговото место???
Околу 100 денари беше, а мириса како на Нивеа млекото за тело плавото.. ептен слично. Мене ми е одлично за тие пари, не е ништо полошо во однос на другите што ги имам а се поскапи
имам повеќе нови лосиони но никој не ми дава толкава свежина освон овој од авон навистина вреди за секој денар даден за него како и за останатите од овошната линија ..и тој со цреши и оревчиња е добар
Елдена млеково од Кам, погоре што го има на слика, ми е една од најдобрите инвестиции во животов . Шо ти Нивеа, исто е.
И јас сум презадоволна од Елдена. Се согласувам со сите коментари од ваша страна ....Само што јас одамна не сум го купила Го има сеуште по Кам маркетите ? Искрено преубава ми ја прави кожата, мазна сјајна.....и за масирање е мммммм
Го има Јас сега брзо си купив... помага и против стрии добро, комбинирано плус со бадемово масло во мојот случај
Имам мнооооогу сува кожа. Со години користев Нивеа ама ми се здосади мирисот. Друг момент е што површински ми ја правеше кожата мрсна ама не хидрираше. Слично ми беше и со Елдена. До моментот кога го открив Dove...... Темно плавиот (оргиналот), за екстра сува кожа и истиот сапун. Презадоволна сум. Преку лето понекогаш купувам од зелениот сапун од краставица, мириса свежичко.
A девојки лосионите,млеката ги користите секојдневно или после капење???? Мене ми е поубаво после капење и најчесто така практикувам