Јас не користам ништо посебно. Дури може да се рече дека ништо и не користам. Балсам ако веќе можам да набројам, ставам секоја вечер, за да не ме нападне целулитот во скоро време. Крема користам од јагода кога ќе ми текне, подарок од бившото момче ми е, никогаш немаше сама да ја купам, ама мириса навистина фантастично и токму поради тоа ја ставам ако ми дојде во видно поле. За поважни пригоди ставам користам:
ЗА! неможам без лосион и зимо и лето ставам секој ден бидејќи после туширање кожата ме затега и ако не ставам мислам ќе ми испука. го користам веќе со години, некогаш знам да се префрлам на Фелче азура, но секогаш се враќам на овој. во лето ми тежок и масен па го менувам за бекутанчето.
последниов месец по препорака на феминки го земав елдена читав дека многу го фалевте и викам ајде да го видам чудово. Е навистина е чудо ем прекрасен ем пријатен просто се заљубив во Елдена
Ги користам и двете,после тоа се чувствувам пријатно бидејќи мирисам убаво.Проблем ми е само во летниот период кога е многу топло ми се направија мозолчиња на рацете бидејќи кожата не дишеше,ама со алхохол ги натопував и исчезнаја.
Кај го најде ова чудо? Во зимскиот период обавезно користам лосиони за тело за да ја повратам влажноста на кожата а во летен период по ретко. Може само некој си гел за бањање кој има повеќе крема во него како на пр. Дове. Сега сум моментално на Гош ама кога ќе ги потрошам и купката и лосионот ќе мењам, ми здосади некако мирисот и сакам нешто ново
Normalno deka ZA,Felce Azzura rozeviot ,preubava ja pravi kozata i mnogu ubavo mirisa [mod-kirilica:3bunexs8][/mod-kirilica:3bunexs8]
Фри шоп. Имав барано кај нас неколку пати и се им беа потрошени по парфимерииве. Можно е да добиле за живо чудо!
Ауффф обожавам лосиони за тело, ме привлекува мирисот и оп...одма го купувам. Имам многу дома, си се шљакам со нив претерано многу. Моментално ги имам: Garnier црвениот, Outspoken од Avon, Serpentine-Roberto Cavalli, Ferre, Dove, Semi di Lino, Seventeen, Deep Wood-Disquared 2, Bellissima-Blue marine... Имам и масло за тело Rose-Ferre, него посебно го обожавам.
Ау не знам. Мајка ми ми го купи. На интернет пишува 52 долари, ама некако не верувам толку скап да е.
Па и нека не те чуди. Кремите и лосионите за тело на Dior се навистина скапи, но затоа структурата и мирисот се ... no comment...
Мислам дека е сосема нормално да се ставаат лосиони или креми за тело. А јас не можам да замислам да не се намачкам, особено на нозете затоа што имам сува кожа. Пу пу, за среќа имам природно сосема ок кожа, нежна и без акни, особено на рацете и на стомакот но ете, како што реков, нозете се посебно суви и морам да ги намачкам со нешто бидејќи после бањање самата вода ми ја суши кожата уште повеќе. Овие се моите топ 3 производи кои не би ги менувала за ништо на светот. Кожата е мазна и миризлива, би рекла ко на бебе, ама уште поубава е. И помиризлива. Нема некој да не ме прашал - каков парфем имам ставено, а јас сум се намачкала само со лосион. Значи дефинитивно се чуствува прекрасниот мирис Преубаво мириса и супер нежна е кожата, плус ја затегнува, се чуствува ефектот особено на бутовите Givenchy Very irresistible body lotion - го користам особено кога излегувам, претежно ги мачкам рацете. Убаво мириса и содржи некои светки па рацете изгледаат поубаво.
Моментално го користам Apropo Green tea Body milk и сум презадоволна. Свеж мирис и убав ефект врз кожата. Морам да го спомнам овој лосион: Габриела Сабатини Темпераменто. Мислам дека е најпрекрасниот производ за тело што сум го користела. Мирисот ми траеше мнооогу долго, и немав потреба од парфем. Кожата ја правеше пренежна. Не сум го видела во последно време, ама би требало да го има се’ уште. Околу 600 денари беше ако добро се сеќавам, и вреди за секое денарче. Имам користено и Макс Мара што одеше како гратис со парфем, е тоа е веќе класа над овие претходно спомнати и навистина беше прекрасен, ама сепак би го одбрала Темпераментото како најубав.
се јавува зависникот од шлакање по телото со лосиони .Oвој лосион го најдов дома во залихите од лосиони што ги имав , незнам дали сеуште го има во каталозите на Авон . Знам дека мене ми одговара и ме освежува . Летото користев ист ваков и сега ме потсетува на лето