Како што имам сува кожа на рацете и нозете, само лосини ме спасуваат Во последно време, многу сум задоволна од маслото и млекото за тело на Бекутан, ми ја прават кожата нежна и мека како бебешко газенце, а и Nivea Angel Star нее лош.За излегување обавезно Victoria's Secret Ripe Berry. -- тоа во средината
Пак јас Oвој пат го купив од аптека млекото за тело од Бекутан бидејќи многу пофалби добив овде за него , па ајде да видиме што ќе биди ..убаво мириса
Не можам без млеко за тело.Еве ова ми е едно од поомилените,многу убаво мириса и кожата е како свилена
Јас прв и последен пат кога го коритев лосионот на DOVE за потемнување ми се појавија ситни бубулички по цело тело.... Можи да не одговара на мојот тип на кожа незнам...
Не можам да го опишам прекрасниот мирис на лосионов, до сега од сите што сум ги користела убедливо најдобар!! Го препорачувам на сите! Лесно се размачкува и кожата ја прави ептен мека.
Имам сува кожа и не можам да замислам да не ставам лосион или масло после капење. Го користев лосионот на Dove- Beauty Body Moisturiser и сум презадоволна. Прекрасно мириса и ја прави кожата многу мека. Во лето заради сончањето повеќе ми се суши кожата и користам масло. Го користев Nivea Smoorh sensation body oil...исто сум презадоволна. Сега малце рецесија ме фати па морав да побарам поефтина варијанта. Ги користам млекото и маслото на Becutan и можам да кажам дека одлично си ја вршат работата. Топло ги препорачувам сите овие производи
Веќе со години го користам млекото за тело од Бекутан и супер е, многу сум задоволна. Ептен убаво мириса и кожата ми ја прави мека. После капење секогаш ставам млеко за тело, задолжително.
јас се мачкам стално после туширање така се чуствувам по свежо некако. До сега се имам мачкано со некој лосион елдена, а сега се мачкам со еден од авон на цреши мислам дека мириса а кога ќе ми се потроши планирам да си нарачам уште еден од авон на ванила што мириса. Само ме нервира што мирисот не останува многу долго.
гледам си се зачленила во авон, ако сакаш некое млеко шти мириса долго дури и како парфем пробај го од планет спа хималајски грмушки гоџи ептен е свеж, исто и плане спа тајландски лотосов цвет тој е малку потежок а сепак мириса долго! моментално ги користам тие два комбинација зависи како сум расположена!
девојки ако наидете некаде на The body shop ве известувам дека има најубави лосиони и путери за тело,како впиваат брзо,и мирисаат прекрасно
Да прашам како сте задоволни од Open млеката и путерите за тело, како стојат со трајноста на мирисот, и колку чинат? Јас неодамна добив едно на подарок, колачиња на него имаше, ама не го пробав, којзнае каде ми го снема никако не можам да го најдам, па сакав да си купам. Еве ги, сликава прва ми се најде
Секако дека сум ЗА лосиони за тело,не сметам дека се штетни за кожата,напротив ја хидратираат и даваат убаво миризливо чуство.Секогаш ги користам после туширање.Овие се моите топ 3
Не можам да се замислам да не ставам лосион за тело после туш...ма нема шанси,ни ја хранат кожата и ја навлажнуваат,а и даваат и подобар сјај нели? секогаш користам различно млеко,сакам да експериментирам,има многу убави,мора сите да се испробаат,некогаш кога брзам и немам време ставам спреј за тело од Фрутини,или Авон има добри,а на Aquallina се најдобри има повеќе,подолго траат а се околу 700 ден.
Jас обично користам глелОви за туширање од орифеим а моменталко го користам LOVES ME и задоволна сум ај порано користев и млеко за тело Becutan но сега не сум си купила оддамна
Јас сум за,и користам од севентин twist се вика мислам ем траен ем со ситни светки за преку лето топ е,мене ми е омилен
Млеко за тело користам редовно, најчесто од оние од Авон со мирис на цреша,јагода,ванила. А овој ми е за посебни прилики преубаво мириса и е светкав.