Сакам да си го купам ова млеко за тело , ама незнам дали е убаво ??? Некој го има користено ..??? Дека се мислам за ова и едно друго , па незнам кое да го одберамм ... И да да секако дека сум за лосион за тело после бањање/туширање
Секогаш користам незнам некако навикната сум на нив и кожата ми ја прават помазна и поубава практикувам да ставам скоро секој ден а особено послем капење
ги обожавам лосионите за тело и сакам често да испробувам секави ама дефинитивно најдобар ми е од Avon Planet spa
Што мислите за оваа колекција??Дали некоја ја има корстено.Ја сретнав во продавница,и не беше многу сакап.И сега случјно ја видов на интернет.Дали некој ја има пробано?
Јас не можам да се замислам откако ке се избањам да не се намачкам со ништо,секогаш се мачкам со различни лосиони-ги испробувам сите
Ја имам користено колекцијата можам да ти кажам да не се двоумиш преубава е,мене лично ми се допадна тоа што долготрајно мириса,општо сите производи од Тисори ми се преубави
Исто. Кога излегувам од туширање кожата ми се сува-барут и ако не се намачкам со нешто фаќа да ми се лушти.
Питањце.Некое лосионче,не мора да негува,имам такви,ми треба некое со убав,долготраен мирис,парфимирано да се шљакам и душкам,нешо така ми текна,хм?!Предлози?! Само нека не бидат авон или орифлејм парфимираните креми.
Еве од оваа фирма , барав на нет да го најдам моето ама го нема тоа шишенце- инаку шишенцето е 400мл и е ко млекото од Том и Џери цртаните, тоа што им стоеше пред врата Цената за 400мл е 140 денари, а преубаво мириса и долго трае. Јас го имам тоа од ванила, а имаше и други мириси. Побарај ја фирмата по парфмимерии, има доста интересни производи Исто можеш да го пробаш тоа со мирис на колачиња, наше производство мислам дека беше ама не ми текнува која фирма, го има по маркетите, се чинам Пирамид го спомна еднаш . Едит- го најдов моето А еве ги и другите видови Спојлер
Зошто некој би бил против? Обавезно се мачкам особено во лето, во зима може не баш после секое бањање ама редовно. Во глобала имам сува кожа така да млекото Eldena од Кам ми е ептен погодено, само што не мириса нешто посебно, ама стварно ми ја негува кожата. На одмор се шЉакав по 5 пати на ден, а и од кога си дојдов затоа што одма почнав да се лупам и не е ни до пола потрошено. А за мирис имам едно лосионче Black XS, беше во пакет со парфемот (поклон) , го влечам две години, ставам по многу малце ама мириса додека не се истуширам пак ( што би дошло еден ден, да не мислите не се туширам ), ама дури и облеката ми мириса на него. Само што наскоро ќе го снема, сигурно е прилично скапо ако воопшто го има кај нас само лосиончето Па ако некоја од вас го сретнала, се надевам ќе ме извести
Уууу Сеси, па ова изгледа многу вкусно Кажуј кај да се бара вакво нешто, иако се си мислам дека ќе мирисам како колаче после тоа па да си се изедам Ист ефект како оние путерите за тело со мирис на какао и кокос Инаку јас навистина го препорачувам (веќе сум спомнала на темава, а гледам и дека имам подеднакво воодушевени истомисленички ) овој лосион. Мирисот е неверојатен, долго издржува, ма прекрасен е. А го има по аптеките и сегде кај што има бебешки производи. 3 капи му симињам на лосионов. И исто веќе ја спомнав Нивеата, таа исто мириса преубаво и мирисот долго трае. Туку гледам ги спомнувате оние Tesori d'Oriente, кај да се најдат? Досега не сум ги начекала нигде Кај да барам, кај да отварам очи филџанчиња? Рамстор, Тинекс, Веро? Благодарам.
Сеси кај ги има поточно дај некоја конкретна парфимерија Прекрасни се. Инаку јас си го користам од Нивеа лосионот за тело. Преубав ми е ми ја прави кожата како бебешка.
Kупете девојки и мачкајте - јас сношти се инспирирав од постот па си се мачкав пола саат, си облеков пижамчиња и си се душкав цела вечер
Хахахаах ме изнасмеа и на мене ме потсети има еден лосион сега го меркам ама никако да го купам хааха
Еј го имам Џонсонот,а пукната сум за мелт стрес или нешо така беше,ама ги нема тука у пм!А бебешково просто ми го пие кожата,многу ми е сува.