Гарниер ги имам користено одамна и колку што се сеќавам убави беа. За сува кожа добри се. Биотен млекото е супер, тоникот онака го купив еднаш и не ми се допадна нешто посебно за да го купам пак. Тоникот Алверде го купив пред некое време и заврши во канта. Содржи ужасно многу алкохол, еднаш ставив ми се чинеше очи почнаа да ме печат. Многу лош производ.
Не е баш најприроден содржи ПЕГ. Можно е малку повеќе да ја суши кожата. Пробај па пиши за резултати. Поздрав.
Купив тоник за лице од Балеа и го нанесов на чисто лице ама после 5 минути осеќав како лицето ептен ми се затоплува и беше црвено на некои делови. Ова е нормална реакција после тоник или?
http://yves-rocher.mk/katalog/1/нег...proizvod/99765/hydravеgеtalгелзаоколуочи15ml/ Што мислите за овој гел? или препорачајте како да ги намалам подолчнаците
Лосионот од биотен или гарниер? Затоа што ми треба лосион, а инаку мицеларната од гарниер ја користам веќе 3-4 шишенце.
Јас моментално го користам овој (цена 540 мкд.) и презадоволна сум. Го тестирам заедно со тој анти ејџ од истава марка (ќе ви направам и рецензија). Овој е за многу чувствителна кожа, а тој анти ејџ е за повозрасна кожа. https://bellina.mk/mk/deep-hydrating-n54-тоник-за-лице-и-тело-за-нормална-осетлива-и-сува-кожа-125-мл Прекрасно ја хидрира кожата и освежува. Поздрав
Здраво драга ги има во продавниците на Космо, на штандот на Белина во Сити Мол и Рамстор и онлајн може да ги нарачаш на сајтот.
Не не , тоник а не термална вода. Има добри на Клиник, имаш во Космо witch hazel, можеш ружина вода ја лично порачав од beautybay Mario badescu
На Клиник лосионите се сите со алкохол за жал - и тоа на второ место после водата. Конкретно зборувам за claryfing lotion 3 , кој е наменет за комбинирана до масна кожа. Но мене ми е супер иако има алкохол , еден од најдобрите лосиони што сум ги користела чисти СЕ , буквално се - тоа што не си можела да извадиш со м.вода и гелот за миење лице. Супер би било ако можеш да го најдеш да го пробаш прво во помала мл..
Девојки ќе ми кажете ли дали е овој добар да се користи, имам 25 години, дали му е добар хемискиот состав? Ќе ја означам @Biodevojka