Драга мене воопшто не ми се допаѓа. Освен тоа што е "празен" од аспект на формула содржи и хидрогенизирано рицинусово масло (ПЕГ). Јас не би го користела. Има многу многу подобри.
Дали може секојдневно да се користи тоник со гликолна киселина, на пример тој на LVLY? Имам масна кожа.
Зависи колку е јак, односно колку гликолна киселина има, на која позиција е во составот. Ама сепак за почеток не ризикувај и не го нанесувај секој ден за да не ја пресушиш кожата. Задолжително ставај и заштитен фактор преку ден, барем 30ка, затоа што кожата станува поосетлива од гликолната киселина.
Девојки може ли да ми порачате некој добар лосион за сува кожа и на некои места мозолчиња? Планирам сите глупости од Балеа и Алверде да ги фрлам зошто не ми прија на кожа. Може и некој медицински
@poppie ако имаш мозолчиња би ти го препорачала тој на Lush со чајно дрво. Против бубулици е одличен. И тој на Dr.Hauschka e одличен , има и за масна и сува кожа. Тој на Лаш не содржи алкохол и нема да ти го суши лицето
Имам мрсно лице, проширени пори и лузнички и црвенила од акни. Ако може некој да ми препорача добар тоник? Видов дека Балеата го фалите, но за жал нивните производи ми предизвикуваат алергиска реакција. Акни веќе немам, чат пат во циклус само. Би сакала да е безалкохолен, не е толку важна цената.
Ти го препорачувам тој на Lush со чајно дрво ,одличен е за масна кожа, јас го користам веќе две години , нема алкохол во него (и јас го избегнувам алкохолот , ми го суши лицето и уште повеќе се масти). 100мл е 450 денари https://www.lush.com.mk/Tea-Tree-Water-Тоник-за-лице
Има состојки во некои други производи (како нафтени деривати , формалдехид итн..) што треба повеќе да ги избегнуваме. Што всушност се парабените? Се користат како конзерванси во производите т.е. ги штитат од расипување. Не е никаде докажано дека се штетни. Повеќе на блогот има пишувано биодевојка за нив Плус овде го има во многу мала количина штом е на крај на составот
Докажано е и тоа во повеќе студии ( не во една), од кои првата ако не се лажам е на еден универзитет во Велика Британија пред 15-ина години, дека конкретно парабените предизвикуваат рак на дојка. “What evidence links parabens to breast cancer? Parabens are known endocrine disruptors that can mimic estrogen in the body. Several studies have shown that parabens can affect the mechanisms of normal breast cells and potentially influence their abnormal growth, leading to increased risk for breast cancer:....” Ова конкретно е од BCPP - организацијата за превенција на ракот. P.S. Секако дека ќе биде на последно место, не дека Lush се многу совесни и го ставиле за наше добро на последно место. Најчесто се користат во дози од 0.01% до 0.3%.
@eva993 како и да е единствен лосион е овој што не ми ја мрси кожата и не ја чувствувам кожата затегната по неговата употреба. Затоа и го препорачував погоре на членката зошто нема алкохол. И Лавера и Др.Хаушка имаат одлични лосиони ама џабе имаат алкохол
Секако, секој си се држи до оние производи кои нему најдобро му одговараат, така што потполно те разбирам. Инаку јас лично сметам, дека за разлика од порано, денес има огромен избор на поприродна алтернатива. Не мора по секоја цена да е органска, но има толку многу избор, што по мене е штета да се користат производи со било какви штетни состојки, независно дали биле тоа парабени, нафтени деривати, силикони или што и да е друго...Исто така за разлика од порано и цените се доста поприфатливи и ако до пред некое време користење на органско беше еднакво на мало богатство, сега некои органски производи се дури и со пониски цени од оние полни со хемија. Еве убава декларација за лосион за лице од "my favorites" : Aqua (Water) Glycerin [1] Olea Europaea Fruit Oil [2] Prunus Amygdalus Dulcis (Sweet Almond) Oil [2] Aloe Barbadensis (Aloe Vera) Leaf Extract [2] Polyglyceryl-3 dicitrate/stearate Zea Mays (corn) starch [2] Glyceryl Caprylate Simmondsia Chinensis (Jojoba) Seed Oil [2] Xanthan Gum Lysolecithin Tocopherol (Vitamin E) Beta-Sitosterol squalene природно потекло органско потекло