За муабетот околу парабените: Пред околу 1 година доста ја следев Dr. Dray, најпознатиот дерматолог на youtube, и мислам во едно од нејзините видеа ја адресираше „паниката" околу парабените. Од она што се сеќавам, таа објасни дека таа студија дека парабените предизвикуваат рак не може баш да се смета како валидна и дека нема потреба од страв. Искрено, не се сеќавам за да ви кажам подетално, но можете да побарате и да слушнете сами . Што се однесува на темата, колку што знам јас, тоникот би требало да служи за регулирање на ph вредноста на кожата после миењето на лице, некои дури и внесуваат хидратација на кожата, некои и содржат AHA киселини, меѓутоа не е неопходен производ. Јас сакав да внесам тоник во мојата рутина, но кај нас тешко е да се најде нешто без алкохол и без мирис... Сепак, се одлучив да го пробам баш LVLY. Важно е да напоменам дека немам чувствителна кожа. Почнав да го користам секој ден, што испадна дека е грешка бидејќи кожата буквално ми гореше, т.е. се вцрвенуваше. Потоа направив пауза и кога го пробав, повторно се случи истото... Така што, јас би заклучила, дека да, е многу јак и внимателно со него.
Јак е затоа што во составот има гликолна киселина и тоа дури на втора позиција, што значи дека никако не е наменет за користење преку ден и задолжително се носи крема со заштитен фактор наредниот ден откако тоников бил нанесен на лице претходната вечер. Штета што никаде не е наведено на самото пакување, вакви работи треба да бидат истакнати како забелешка затоа што можеби некој нема ни да го провери составот, или еве можеби не е запознаен со киселините па нема да нанесе крема со заштитен фактор и ќе си ја накалеми белјата...
Јас конкретно бев запознаена со киселините, ама дека секаде се споменуваат дека се нежни и ги користат во секојдневни производи, користам и крема со заштитен фактор, а и немам чувствителна кожа, мислев ќе биде во ред, но ете не било така. Ќе знам за друг пат . Еве сега имам lactic acid од the ordinary, иако сѐ уште немам почнато да ја користам, ама знам дека е понежна од гликолната киселина, па си велам во ред ќе е .
На Urtekram лосионот за лице е ова. Во принцип може да се користи за секоја кожа, но особено е препорачлив за осетлива. pH вредноста му е : 5-6, не содржи алкохол, ниту парфем во составот, баш и затоа е погоден и за најосетливата кожа. Ефикасен, а пред се ЧИСТ производ. Реткост.
Од скоро видов дека ги донеле Urtekram и кај нас. Е сега дали и лосионов го има во понуда не знам, но би требало. Edit: Прогуглав и го најдов https://www.bellina.mk/mk/no-perfume-лосион-за-лице-245-мл
Производите на Уртекрам ги има во Белина, на нивниот сајт има опција за онлајн нарачка со бесплатна достава над 800 денари.
Ве молам препорака за крем или лосион за лице со комбинирана кожа, односно лице со малку акни на Т зона ( брада нос чело ), за да се исчистат и тие акни што се на пола лице. Не е битна цена, уште подобро ако знаете со органски состојки.
Клиндацин Гала Фарм (лосион за анти акни), се користи само на пределот кајшто имаш акни.. Наутро и навечер на чисто и суво лице.. Цената е околу 250 ден за 200 мл.. Го има во сите аптеки
Бидејќи не можам да најдам посебна тема за тоа, ќе прашам овде. Дали има некаков тонер што можам да го најдам во аптеки или евентуално ДМ, но важно ми е да има и добра формула? Засега вадам шминка со мицеларна вода Оливал, потоа розов крем за миење лице на Балеа, хијалуронска киселина The Ordinary, пa крем од роза Alverde или Fleurance Aloe Vera и на крај сквалан The Ordinary. Дали е ова доволно или сепак има потреба од тонер? Ако да, имате ли препораки?
@Anabelle.Amorette пред да нанесеш од хијалуронската киселина обавезно треба да нанесеш безалкохолен тоник на лицето јас користам без алкохол тонер на Lush , поточно со чајно дрво и сум многу задоволна ,мислам има и други на темава баш разлистај
Искуство со тоников? За нормална кожа пишува дека е, мојата е нормална накај сува повеќе. Треба да купам утре/задутре, а овој ми го пофалија. Немам некоја проблематична кожа инаку. Шминка скоро и да не користам.
Колку што памтам, овој тоник е повеќе за комбинирана, масна кожа. Целата Биотен колекција со дуња е за комбинирана до масна кожа. За сува до нормална е розовата колекција. Можеш да го пробаш тој тоник, мислам дека ќе ти одговара повеќе.
@Mishela, ти благодарам за сугестијата Го земав розовиот, па ќе видиме Кога користев почесто шминка, неколку пати го земав млекото и бев задоволна.
Погоре добив одговор дека безалкохолен тоник за лице се става пред хијалуронската киселина, дали тој од Биотен за сува кожа би можела да го користам? Која е негативната страна доколку извадам шминка со мицеларна од Оливал, измивам со крем на Балеа и потоа ги нанесувам хијалуронска, па крем и сe' друго?
Можеш да користиш каков тоник сакаш, дали ќе биде без или со алкохол зависи од тоа каков тоник лично тебе ти одговара повеќе на кожата. Кај некои тие со алкохол се покажале супер, кај некои не толку. Пробај и таков и таков па ќе видиш што повеќе ти одговара. Мицеларната вода не е тоник и не може да биде замена за тоник. Средство е за чистење шминка и не се остава на лицето како тоникот затоа што не ни има иста функција како него, без разлика што е течност. Хијалуронската се нанесува на влажна кожа за да го извадиш максимумот од дејството. А по миење со какво било средство - крем, пена, гел, дрн дрн итн, кожата мора да се хидрира. Мора да се направи подлога преку која полесно ќе продрат сите продукти кои се ставаат на лицето, а тоа секако не се прави со мицеларна вода или уште полошо - со ништо и директно да се оди со серуми. Нема поента хијалуронската да се става на сува кожа после миење, џабе ќе ја ставаш. Ќе почне да се лупи уште додека ја мачкаш и ќе нема поента нанесувањето. Затоа се користи тоник, ама без разлика што друго користите од препатативна козметика. Тоник треба да е задолжителен чекор, затоа што е клучен продукт за хидратација на кожата. И да е само крема, се става на претходно навлажнето лице со тоник. Без или со алкохол, не е ни битно. Јас користам безалкохолен затоа што од тоници со алкохол ми се лупи носот.
Од биотен користам млеко за лице за нормална /комбинирана кожа ,мојата кожа е повеќе масна така да за тебе ќе одговара розевиот лосион .И мицеларна вода користам на Биотен и многу сум задоволна ,розевата мицеларна за сува /осетлива кожа ,така да ти препорачувам производи на Биотен за сува и осетлива кожа,штом имаш таков тип кожа
Некој да сподели искуство за Pixi Glow тоникот? Имам читано доста позитивни рецензии. Намален беше на $10 па реков да го пробам.