Само внимавај при користење на тоникот, не претерувај и не го користи со други exfoliators сепак во тоникот има glycolic acid која и прави веќе еден пилинг на кожата и не би ти препорачала 2 пати на ден користење, сепак не ги знам состојките ако можеш сликни ми ги или проври го производот на cosdna.com страната за дополнителна анализа. Не сум го користела, ама тоа е мое мислење, јас лично би си купила и обичен тоник за секојдневна употреба, а овој би го користела преку еден ден, и не во ден кога правам хемиски пилинг на кожата.
Само во Скопје има Лаш штанд во Сити мол , достава вршат секаде во Македонија и е 130 денари , ако сметката е над 1500 денари доставата е бесплатна
Девојки, ве молам препорачајте ми некаков тоник за лице. На т зоната веќе користам еден за масна кожа склона на акни, но тој не ми одговара за образите бидејќи ми се суви и склони на црвенило. Значи ми треба некој за сува осетлива кожа и да ми го смири црвенилото. Да напоменам дека немам ДМ во близина и би сакала да е со убави состојки, пример Weleda, Lavera, Др. Хаушка и сличните. Хелп
Би ти препорачала да го погледнеш ова видео: Знам дека има милиони јутубери и сите кажуваат различно, козметиката е навистина комплексна и тешка област за разбирање. Има неколку јутубери што навистина се држат до научниот аспект, меѓу кои е и овој (споредено со други извори кои ги имам читано или слушано) , затоа и го препорачувам .
Дали некој ги има користено тониците- спреј за лице од Mario Badescu? Што мислите за нив? Го добив тој со роза и алое вера па сакам да прашам дали е добар зашто имам доста осетлива кожа па да не си направам проблем?
Не сум го пробала, ама има 3-4 мириси во него, на кои може да ти реагира кожата, особено дека ти е чувствителна. Ама кај секој е различно, ако веќе го имаш, пробај го и види дали ќе ти се јави реакција .
Не сум го пробала, ама од тоа малку што се разбирам во состојки, ќе ти кажам дека втората состојка му е alcohol denatured, што значи веројатно ќе ти го суши лицето, а има и linalool, limonene, geraniol и парфем, што се сите мириси и се sensitizing.
Розевиот од Балеа за чувствителна кожа или од др. Конопка за нормална/сува кожа и за нормална/масна кожа. Јас го користам последниот навечер пред да ставам мало за лице, прекрасен е.
На сајтот им пишува дека ги има наводно во 4 дрогерии Космо и во сите дрогерии на ДМ. Е сега не е наведено кои производи/брендови, не верувам дека цела палета ја носат по дрогерииве, дека не се баш малку производи. Јас знам дека Urtekram ги имам со сигурност видено во Космо Зебра и во Сити Мол. За овие Конопка не се сеќавам дека сум ги видела... https://www.bellina.mk/lokacii
Моментално само онлајн, има некои брендови кои се достапни во Космо/ДМ ама не сум сигурна за др. Конопка дали е достапен во Космо (во ДМ не е сигурно). Исто така имаат 20% попуст и бесплатна достава за порачки над 800 денари.
Која цена се тониците за лице на Афродита и искуство со нив? Не содржат алкохол а баш таков тоник барам.
Здраво .. Дали некој го има пробано и да не знаете дали го има во Зегин? https://www.amazon.com/Eau-Thermale-Avène-Gentle-Toner/dp/B00J2FD0TM .. или да го земам Urtekram лосионот што е на претходната страна препорачан?