Мислам дека овој во себе има гликолна киселина, а веќе го користaм pixi glow tonic со glycolic acid. Затоа ми требаше некој хидратантен тоник со поедноставен состав
Што мислите за тониците на Еуцерин за чувствителна кожа? Во Зегин не знам кој точно ќе го имаат ама ако има некој користено ќе може ли да сподели мислење? Фала ви
Женски малку помош во потрага сум по тоник па се мислам помеѓу овие, инаку кожата ми е чувствителна со масна т-зона и суви образи. Досега го користев розевиот на балеа, ама што знам мислам ништо посебно па сакам да го сменам
Може нешто повеќе за тонеров да ми кажеш,како делува на лицето,да не го суши? Ми фати око ме заинтересира
Овој има гликолна киселина во него, внимателно со нанесувањето - само навечер и задолжително да мачкате крема со заштитен фактор. Не знам зошто ова не им е наведено на самото упатство за употреба, ама треба да се внимава со тоников.
Јас го користам моментално на Алверде, многу ми одговара. Имам сува кожа, од другите тоници лицето затегнато ми беше и знаеше црвенило да ми се јави, моментално е и намален во Дм.
Мене овој ми е одличен. Ептен ја освежува кожата и е добра подлога за серуми кои треба да се нанесуваат на влажна кожа. Го има во Белина, ама цена не ми текнува, до кај 300 денари максимум. Само е непрактично капачето, го отворам цело за да ставам на памукот, наместо само горниот дел, оти голем дел се излева во капакот наместо на памукчето.
Женски, ај ве молам препорака за обичен хидратантен тоник ама без парфем и алкохол што го има кај нас да се купи. Фала ви.
https://images.app.goo.gl/NVcevDQC9YMHm1sm8 Имаш и за мрсна и за сува кожа. Во Тинекс е поевтин отколку во Дм. @scorpias овој го имам предобар е.
Овој го имам јас користено: Спојлер Поскап е (иако често имаат попуст на Hada Labo Tokyo производите во dm), ама можеби едно 6 месеци го трошев, ако не и повеќе, не можев да го доистрошам, се преисплати . Ми се чини дека дури при крајот и повеќе количински ставав само за конечно да го дотрошам . Не сум го видела овој што го ставила Попи, ми даде идеја што би можела да испробам натаму .
Мене следен ми е овој на листа за купување за да го пробам. Пробај го тој на афродита, има хијалуронска во себе