Девојки дали некој го пробал лосионот на Hada Labo Toky? Да ме упати дали се користи на влажна кожа и дали после тоа треба да се закључи со хидратантна крема? Фала
Во дилема сум како да го користам тоников, позади на него пишува со туфер да поминам, а погоре девојката има пишано дека се нанесува со дланки со тапкање. Хелп
Можеш и на двата начини. Со дланки е подобро од аспект на заштеда на производ, во смисла: цела течност од дланките ја нанесуваш на лице, додека ако користиш туфер, дел од тоникот останува впиен во туферот и потоа го фрлаш, па е како waste of product.
Моментално го користам овој лосион на Апивита, со природни состојки е и без алкохол, ама некако не ми се допаѓа, немам чувство на исчистено лице тој зелениот за масна кожа наменет јаде каде им е подобар.. Изгледа ќе се враќам на Clinique (овојпат ќе го пробам 4ката) , има алкохол ама сите нечистотии останати од претходно одлично ги вади
Девојки, сте го користеле? Аптеката ми го препорача денес за миење лице, имам сува и многу чувствителна кожа. Околу 850 ден го купив, искрено до сега не сум користела од брендов производи, па доста ми е скап.
Дали е во ред секој ден навечер да користам дермогал лосион со салицилна киселина, дали помага за црнките? На пакетчето пишува дека прави благ пилинг, некако страв ми е секој ден да го користам а и алкохол е на прва позиција.... искуство некој или препорака за тоник со салицилна киселина?
Добар ден девојки, ме интересира некој предлог за тонер без мириси кој е достапен кај нас зашто го користев УРТЕКРАМ плавиот без мирис и го нема нигде на залиха, ми треба некој предлог ако може? фала
Дали некоја го користи овој тонер на база на зелен чај од прочуените Бентон? Има многу добри критики на нет. Го има во Олпео во ГТЦ (продавницата за корејска козметика)