Драга најискрено јас не би го ни земела воопшто за себе со толку пропилен гликол и полисорбат (дел навтен дериват). Ти секако имаѓ избор, ова е само мое лично мислење. Има многу подобри тоници кај нас на пазарот.
Фала ти многу за одговорот, дефинитивно нема да го земам. Моментално го користам тоникот од Афродита за масна кожа што многу го фалат па најверојатно ќе продолжам да го користам. Овој му е составот Aqua, Niacinamide, Polysorbate 20, Hamamelis Virginiana Water, Ethylhexylglycerin, Phenoxyethanol, Propylene Glycol, Sodium Lactate, Sodium PCA, Glycine, Fructose, Urea, Inositol, Sodium Benzoate, Lactic Acid, Citric Acid, Parfum Едит; сега видов дека и овој има пропилен гликол...
Драга, овде пропилен гликолот е во мала количина можно е да е присутен во некој од екстрактите па мора да го наведат како состојка (ако би требало да се изразам во процент би рекла дека е 0,50% присутен со оглед на тоа што се наоѓа после феноксиетанолот кој е конзерванс). Не ми се допаѓа полисорбатот, ама во секој случај подобар е од претходниот кој ми го покажа. И двата не се по мој вкус ама ако треба да одберам помеѓу двата кои ми ги покажа овој е за нијанса подобар. Поздрав
Не сум го користела ама го имаш во сите продавници на Сефора,и онлајн на нивната страна pixibeaty.com
Од douglas купив еден тоник и едно кско маска/пилинг за чистење лице. Сега за сега добро се покажуваат.
Јас го користам 2-3 пати неделно. Мислам дека се препорачува за сува кожа, а јас имам мрсна, така што не очекувам многу. Дава убав сјај на лицето и после користење кожата е мазна. Summa summarum, убав е тоникот.
Da mi preporacate tonik za masna koza? Procitav za Afrodita, nonkaj bi go nasla osven so tinex, vo dm gi ima?
Aqua, Rosa Damascena Flower Water*, Alcohol*, Glycerin*, Alcohol, Rosa Canina Fruit Extract*, Sodium Lactate, Glycerin, Lactic Acid, Levulinic Acid, Sodium Levulinate, Sodium Hydroxide, Citronellol** * sastojci iz kontroliranog ekološkog uzgoja ** od prirodnih esencijalnih ulja
Чист алкохол е. Јас без да прочирам го купив, ми се подразбираше дека нема алкохол. Кога отворив да ставам мирис на алкохол.
Драга го немам пробано тоников не знам како мириса...Од декларацијава со оглед на тоа што е на трета позиција не би требало да биде повеќе од 7%. Доколку е 7% во тој случај не прави штета со оглед на тоа што се користи како испомош на системот за конзервирање. над 7% веќе е проблем со оглед на тоа што е посилен и прави денатурација на протеините. Станува збор за тоник за сува кожа така? Обично глицеринот се става најмногу 5% во производи за сува кожа (иако некои одат и до 7), така да алкохолов треба да е од 7% до 10% горе долу). Кој го пробал нека каже мислење сепак не можам со сигурност да го погодам процентот.Околу 7 до 10 е ама ти реков ако е до 7 не е проблем, ако е накај 10 ти препорачувам да го избегнеш и да земеш некој друг. Ако сакаш може да ти препорачам некој кажи до која цена и каков ефект сакаш да добиеш. Има многу марки без алкохол кои имаат многу убави формули.
@Biodevojka јас би сакала препорака за тоник за сува кожа до кај 350 -400 ден. Користев на natura sibericа ама скапо ми дојде а ептен брзо ми се потроши, многу мала милитража има.