Мене овој ми е супер. И евтин. Нека каже @Biodevojka дали е ок по состав *афродита е, не сум сликала убаво
Уф драга до таа цена ми е многу тешко да ти најдам природен производ. Единствено доколку може до кај 500 мкд да дадеш би ти го препорачала овој. Јас го користев лани предобар е. За нормална акај сува кожа со одлично хидратантно дејство. За друг сега не ми текнува ама ќе проверам па ќе ти пишам. Другите што ги знам се доста поскапи...
Драга единтсвено пег 40 не ми е по ќејф , ама ајде ако треба да му прогледам низ прсти, само таа состојка е и згора на сѐ е 40 (не е висок број), па доколку не сте комплетно ориентирани кон природно и органско ок е. Како идеја е интересен да не го ставеле ПЕГ ќе беше идеално...Поздрав. Следно планирам да го земам овој за рецензија повеќе е како спреј тоник ама декларацијата ја разгледав и неверојатна е...за сите оние кои имаат проблематична кожа идеален особено сега кога под маските се создаваат акни и кожата станува проблематична...Едвај чекам да го тестирам...
Како да го користам тоников? Пишува дека е со маделична, ниацинамид, лактична и гликолна киселина и дали после тоа можам да ставам нешто друго? плис хелп.
На измиено и чисто лице ставаш на дланките и потоа на лице тапкаш. Можеш и на туфер, но само ќе ти оди вишок. Врз него можеш некој серум ако сакаш па крема или дирекно крема.
Препорака за добар тоник/лосион за проблематична кожа склона кон акни? Користам гел за миење од биодерма, исто и тониран крем ф50 од биодерма преку ден. Навечер место крем, ставам кокосово масло. Дали од истата линија на биодерма можам да најдам соодветен тоник? Предлог?
Јас би ти препорачала да го пробаш на Др.Конопка со лаванда, има одличен состав и не е скап. Јас па од Биодерма освен од плавиот гел за лице, од ништо др не останав задоволна.
Кај можам да ја најдам таа крема? Јас исто го користам плавиот гел, и засега ми е ок. Исто и тонираната крема ми е преубава.
Не е крема, туку лосион е Во Белина го има. Исто мислам дека е грешка што ставаш кокосово масло на лице, поготово ако имаш акни.
Апсолутно се согласувам со @koritsaki . Тоникот што ти го предложи е одличен. Може да го земеш и кремот од истата марка зелениот калминг се покажа одличен кај многу девојки од форумот. Поздрав