60-70 ден го земам од Рамстор , мене преубаво ми делува , имам чуствителна кожа и ова ми е ко мелен на рана
Го користам Гарниер лосионот за лице од роза, обавезно клавам на сабајле и навечер пред спиење..Само што на мојот пишува Essentials само и е од екстракт од роза..Задоволна сум.
Јас го користев и сум презадоволна, ја смирува кожата. не е скап, порачај си го и не му ја мисли многу
ваков користам не сум баш многуу задоволна,а да ми дадете совет дали хлорамфениколот ги чисти црнките од лицето?
Сакав да ве прашам дали овој лосион е наменет за девојчиња од 15 годишна возраст??..и дали е погоден за мрсна кожа?
Ако може некој фармацевт да одговори, или некој кој знае. Која е разликата помеѓу Хлоракол, Дермогал и Клиндацин (сите се од Галафарм)? Поздрав
Содржат различен вид на антибиотик. Хлоракол односно хлорамфеникол е поштетен отколку клиндацин односно клиндамицин, и двата се антибиотици, а ефикасноста е тука некаде кај двата, индивидуално има разлики. За дермогалот не знам дали содржи некаков антибиотик, мислам дека содржи алкохол и мислам дека е за понормална кожа, онака за дневно чистење. Клиндацин и хлоракол се повеќе терапевтски, за кожа со акни бидејќи ја убиваат бактеријата што ги создава (доколку проблемот е бактериолошки) и по подолго користење бактеријата станува резистентна на нив, затоа е препорачливо да се менуваат секој месец односно да се прави пауза од најмалку 2 недели.
Не користам редовно, понекогаш само и тоа клиндамицинот на галафарм. Убав е и ми одговара. Брзо ги суши постоечките акни.
Jaс од денеска почнувам да го користам овој. Немам поим од каде ми го донесе мајка ми, ама на прв поглед - солидно делува. Ќе се вратам на темава по некое време и ќе кажам дали ми делувал некако.
Имам сува кожа, со акни и флекички, некој лосион да ми препорачате? Бидејќи скроо сите дополнително ми ја сушат кожата и ми станува бетер
Јас би ти препорачала да не користиш лосион туку да пробаш да го негуваш лицето со гел и млеко за чистење на лице . Лосиони за лице не ви препорачувам поради тоа што содржат алкохол кој многу штетно влијае на акните .Јас користев едно време лосион за лице претходно кога имав акни користев но не ми помогнаа туку напротив забележав дека од нив уште повеќе ми се раздразнија ,ми се вцрвенија и ми остануваа како флеки.Потоа се консултирав со фармацевт и тој ми укажа дека алкохолот во лосионот лошо влијае на акните ги воспалува уште повеќе,па затоа подоцна почнав да користам гел за длабинско чистење,млеко и крема лице соодветна за типот на кожа и искрено имаше многу подобри резултати.