@Biodevojka Дали овој е тој тоник со лаванда што горе го споменавте? Бидејки пишува за сува кожа. Јас имам комбинирана/мрсна склона кон акни, па дали би ми одговарал или некој друг би ми препорачале. Планирам и кремата да ја земам зелената за смирување.
Не, тој за масна кожа е во лилјаково пакување, еве го На Белина го немаат, изгледа со попустите им е распродаден сега.
Овој мислам дека не е распродаден, туку воопшто го нема веќе во Белина тргнати се скроз од страната. Веќе месец дена ги барам. Тие што ги постираше @Slatkish255 се нови и скоро дупло поскапи. Не знам дали некаде на друго место ги има стариве. Јас го барам тој со екстракт од роза што беше.
Гледав, стварно има попусти. Ама искрено не ми е за цената, туку за овој нема скоро никакви рецензии на интернет. За другиот имаше доста позитивни критики. Најверојатно ќе земам корејски овој пат и таму имам 2-3 на листа за пробување.
И јас околу месец дена чекам да се појават на сајтот тониците на Конопка, ама ги нема. Дефинитивно не се распродадени заради блек фрајдеј, или се дисконтинуирани од производство или не знам што е. За да искористам попуст го нарачав овој Колку мл беше шишето на овие од Конопка?
200мл беа на Конопка. И јас го чекав тој од лаванда веќе подолго време, ама ми требаше нов тоник, па го зедов тој против стареење како спреј што е. Сепак, ниеден не може да го замени тој од лаванда. Пред некое време пишав и прашав, ми кажаа дека ќе го има во следната пратка, ама го немаше.
Јас имам уште малку од тој со лаванда на Кпнопка , па сега порачав од Натура сиберика овој Една членка исто го фалеше, за нормална кожа е наменет. Брзо ќе ми се потроши а дупло поскап е од Конопка, ама ајде мерак да го пробам
И јас долго време го барам го нема, последно во септември земав и толку го немаат повеќе а не знаат ни кога ќе го добијат, инаку е супер.
Здраво драга прости ми за доцниот одговор. За комбинирана до масна кожа земи го овој спреј. Нешто феноменално е го има во ДМ. Значи пре предобар. Јас го користам моментално. Здраво драга на bellina.mk
Го купив мила, ке почнам да го користам па ке пишам резултати Ова е како тоник пред крема да се стави се става или?
Да да, ја миеш кожата на чиста кожа прскаш од ова и со прстите тапкаш да се впие. Потоа може слободно крем за лице. Пиши импресии...
Бидејќи подолго време не можев да го најдам лосионот од лаванда на Конопка, зедов друг лосион од истиот производител, age defying лосион за сите типови кожа. Поскап е од другите, околу 850 денари, ок е. Пак на прво место ми е лосионот од лаванда, а овој е ок замена. Многу е попрактичен, бидејќи е со пумпица, како спреј, полесен за нанесување (прскам директно на лицето). Ама не чувствувам иста хидратација како со претходниот лосион, или можеби е така затоа што сега е поладно, повеќе грееме, па воздухот е посув. Во однос на стареење и брчки - па реално, не сум некој репер за да кажам дали делува, бидејќи немам проблеми со тоа, засега. Понатака ќе видиме.
Девојки @Annath @Giovanna @Emy867 и не знам уште кои други го користите тоникот на Конопка од лаванда, конечно е достапен на страната на Белина, ако сакате да си нарачате
200 денари е во ДМ Ако имаш проблематично лице со акни можеш да го пробаш овој,доста е фален, само да напоменам дека содржи алкохол. Го има во аптеките, 100 денари е
Имам розацеа, и кожа склона на црвенила. Сакав да купам Пурито ама се премислив после коментариве. Некој со препорака на тонер без алкохол и мирис (парфем)?