Знам дека 100 пати сум го пишала тука, ама не сум видела друг тоник без мирис освен тој на Hada Labo Tokyo (кој служи за хидратација) и тие на Purito. Можеби можеш да најдеш нешто и од корејските производи во Олпео (мислам дека olpeo.mk е страната). А зошто бараш тоник? Ако ти е за хидратација или за да искористиш од други корисни состојки што ги немаш во кремата океј, а ако бараш затоа што мислиш дека мора да користиш тоник, тогаш знај дека не мора . Ако ти олеснува, тоа што Purito имале проблем со СПФ кремите не мора да значи дека имаат проблем со сите производи, па можеби можеш да прочиташ reviews онлајн за тоа што те интересира и да видиш како се задоволни купувачите. Мислам дека ќе ти олесни во потрагата на тоник без мирис кај нас . Инаку, не сум сигурна, ама мислам дека бензил алкохол претежно се користи како конзерванс, а не заради мирис; меѓу најчестите мирисни состојки се споменуваат: parfum/fragrance, limonene, linalool, cintronellol, geraniol, eugenol, citral и етеричните масла (што најчесто стојат погоре во листата, а овие состојки се најчесто на крај на листата).
@Biodevojka здраво. Имам комбинирана кожа, периодов малку сува, претходно го користев розевиот тоник на балеа, но ми правеше црвенила на лицето. Кој тоник би ми го препорачале?
Доколку периодов ти е малку посува кожата до таа цена пробај го овој кој е феноменален и моментално е на попуст за 568 наместо 710 Лично го имам користено и навистина ја освежува и хидрира кожата. Друг кој може да пробаш е овој цената е 290 мкд. Ја обожавам линијата на Др. Конопка пристапни цени, прекрасни декларации и производи кои функционираат. Се надевам дека ти помогнав.
Ме интересира, од тие што ги користат производите на Хада Лабо, што е толку добро во нив? Ги гледав состојките на цела линија, освен хијалуронот (кој веќе го има сегде), не видов ништо посебно, а не изгледаа ни многу квалитетно. Какви придобивки на кожата имате?
На влажна кожа. Ништо посебно. Јас ги имав хидраторот и дневниот крем. Од хидраторот бев позадоволна, ми ја освежи кожата и ми даде хидратација, ама одамна се префрлив на други, органски производи. Кремот не ми беше ништо посебно, само ме нервираше што создава како филм на лицето, како постојано да ми беше мокро или испотено. Не би ги купила пак.
Го користела некоја тоников да сподели искуство. Сакам да си земам некој тоник и да го вклучам во утронската рутина. Имам мрсна кожа склона кон појава на акни и white heads.
Подобро да го земеш тој што @Biodevojka го има споделено на блогот отколку овој со вештачки состојки. Исто и крема од истата линија.
Во био шоп Белина или на нивниот сајт bellina.mk Некаде прочитав дека производите Др.Конопка ги има и во Веро центар ама не сум сигурна баш за овој производ , ако знае некој др нека каже