Повеќе од еден месец го нема на залиха никаде. И мене многу ми се погоди, ама дури чекав да дојде го нарачав тоникот од detox kamchatka( исто од natura siberica). Го користам скоро една недела и можам да кажам дека навистина ми одговора на лицево.
Или овде https://viafarm.mk/index.php?route=product/search&search=NATURA SIBERICA&page=2 ако имаат залиха нешто.
Дали некоја од вас го има користено овој ексфолијантен тоник на Оливал и како е задоволна? Јас периодов се заинтересирав за ваков вид на тоник, кој ја чисти кожата и во исто време хидрира. Разгледував и од други брендови ( benton, cosrx, true alchemy..). Општо дали можете да споделите искуство со ваков вид на тоник?
Здраво, Видов дека ги фалите лосионот /тоникот на Конопка со лаванда и на Афродита за комбинирана кожа. Јас имам комбинирана кожа, со масна Т зона, посебно челото (ми свети ко лампион), со изразени црнки и пори. Инаку користам тоник на Балеа, розевиот но сакам да земам некој од овие 2 што ги пишав погоре. Па би сакал да ми пишете искуства од кој сте задоволни повеќе? Инаку, од пред 1,5 месец почнав да користам и Ревокс серуми. Значи насабајле пена за миење лице од Балеа, па тоникот од Балеа, Ниацинамид, крема од Балеа за мрсна кожа и СПФ тонираната крема од Фрејзидерм. Навечер истата постапка, само со Хијалуронска киселина и сега земав и Салицилна киселина( ја користам навечер, 3 пати во неделата). Па ми треба совет, според користење на овие производи и според типот на кожата, кој тоник /лосион би ми одговарал повеќе - Конопка или на Афродита?
Па немам некој проблем со акни, освен пред добивање. Имам некои флеки на образите. А која цена е лосионотна Береза? За Конопка мислам прочитав околу 300 ден е?
И уште нешто да прашам, гледам на Белина ид Береза Сиберика има Факс тонер и фејс клинсер. Тонерот ми треба нели (извинете на глупо прашање, ама подобро да прашам да не утнам). Бидејќи гледа Face cleanser е за намалување пори?
Да тоникот е првиот, тоа со пумпица е чистачот за пори. Инаку производите од Натура Сиберика ги имаш во Белина и во ДМ.
@flower30 Ако бараш нешто за намалување на пори, за жал таков производ нема. Може да ти помогнат само околу чистењето на порите.. гелот за чистење е исто убав , како и лосионот
Не можеш да ги намалиш ама можеш да ги држиш чисти,кога се чисти немаш проблем со акни. Затоа е потребно пена за чистење и тоник,масло за вадење шминка,серум и крема. Според мене Береза ми е врв, Конопка сега го земав ама не оспорувам дека е убав. Не се скапи да ги земеш и двата,па да си пробаш.
@Reina.Gitana @koritsaki @buba4e89 ќе го земам тоникот тогаш. Бидејки користан и серуми на Ревокс и за нецели 2 месеци од Ниацинамидот, Хијалуронската (салицилна сега земав), плус пената и тиникот, лицето многу ми се смени на подобро. Не ми ги снема црнките ама многу ми се исчистија порите, лицето ми е сменето на подобро. Фала ви премногу на советите